![stop-policija-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/stop-policija-1.jpg?resize=616%2C409&ssl=1)
На 01.10.2019 во 16.40 часот на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А6“, со регистарски ознаки на Македонски Брод, управувано од М.Ф.(55) од Кичево и велосипед управуван од С.Л.(73) од Кичево.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.