Четириесетгодишна жена е тешко повредена во сообраќајка во близина на надвозникот за влез во Гостивар. Жената е со тешки повреди на нозете и ‘рбетот и е пренесена на скопските клиники каде што лекарите се обидуваат да и го спасат нејзиниот живот.
Според тетовската полиција, собраќајната несреќа се случила синоќа околу 21.30 часот кога А. З. (40) се обидувала да премине преку коловозот во близина на седиштето на секцијата на „Македонија пат“. Во тој момент на неа налетало возило „фиат“ со австриски регистерски ознаки кое го управувал А.А. (36) од гостиварското село Падалиште.
Жената која се бори за живот, била набрзо пренесена во гостиварската болница од каде како итен случај и во тешка состојба е пренесена за Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, по што ќе бидат познати поединостите кои довеле до несреќата.