Седумгодишно девојче вчера попладне било удрено од автомобил „Киа“ кој го управувал 24-годишниот тетовец Д.Д.
Удреното девојче со друго возило било пренесено во тетовската болница и по укажаната помош, пуштено е на домашно лекување.
Тетовската полиција ги презема сите мерки за расчистување на сообраќајката.