Прегазено четиригодишно дете

Четиригодишно дете е тешко повредено откако било прегзено од автомобил, вчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила вчера во 22.10 часот на булеварот Борис Трајковски.

Тогаш автомобил „Киа“ управуван од Т.Р. (59) од Скопје, удрил во детето. Од ударот четиригодишникот добил тешки повреди и било пренесно во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.