
Девојче било прегазено вчера во дворот од неготинската болница, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 9.30 часот во двор на здравствена установа на улица Ико Заров во Неготино. Тогаш В.Н. (48) од Неготино, управувајќи автомобил „киа спортаж“ со скопски регистарски ознаки, удрила во 11-годишно девојче од Велес.
Од ударот девојчето добило тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.