Прегазил две девојки и избегал, па сам се пријавил во полиција

Скопјанецот А.П.(48) вчера попладне со автомобил „БМВ“ удрил во пешаците А.З.(22) и С.Т.(21), двете од Скопје.

Несреќата, по која возачот го напуштил местото, се случила на бул.„Кочо Рацин“. Возачот подоцна сам се пријавил во полициска станица.

„Во незгодата, С.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а А.З. се здобила со телесни повреди и биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.