Полицијата трага по возач, кој прегазил пешак па избегал, вчера во Скопје, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила на крстосницата од улиците Лука Геров и Марк Твен во населбата Ѓорче Петров. Тогаш непознато возило управувано од непознат возач удрило во пешакот С.С.(58) од Пробиштип, по што побегнало од местото. Од ударот С.С. добил тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8 Септември“.
Таму му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.