Прегазил старец па избегал

Полицијата трага по возач кој прегазил стерц па избегал, вчера во Тетово, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 17.40 часот на кружниот тек на улиците Илинденска и 172 кога возило непозната марка удрило во пешакот О.О. (76) од село Пирок.
Возачот избегал без да му помогне, а старецот со друго возило бил пренесен и задржан на лекување во тетовската клиничка болница.