
Жена со тешки телесни повреди е пренесена во болница по удар од автомобил.
Според информациите од полицијата, пред два дена на крстосницата од булеварот Христијан Тодоровски Карпош и улицата Ферид Бајрам во Скопје, патничко возило „бмв“, удрило во пешакот З.Ш.У.(55) од Косово, со живеалиште во Скопје, по што го напуштил местото на незгодата.
„На повредената ѝ била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.