![UEFA Under-21 Championship - France vs Italy](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/06/Italija-Francija.jpg?resize=696%2C475&ssl=1)
Во првото коло од групната фаза на Европското првенство за фудбалери до 21 година во четвртокот вечерта, Франција ја победи Италија со 2:1, во рамките на Групата Д во романски Клуж-Напоци.
Арно Калимиендо во 23 минута ги доведе Французите во водсто. Пјетро Пелегри израмни во 36, а конечните 2:1 оги постави Бредли Баркола во 62 минута. Франција натпреварот го заврши со десет играчи на теренот, откако во 83 минута беше исклучен бекот Лоис Баде, но Италија во финишот не ја искористи предноста.
Во првиот дуел од оваа група Швајцарија ја совлада Норвешка со 2:1.
Во Групата Д водат Франција и Швајцирија со по три бофа, а без бодови се Италија и Норвешка.
Актуелнитите европски прваци до 21 година, Германците го отворија континенталното првенство во Романија и Грузија одигрувајќи 1:1 против солидниот тим на Израел во мечот во кој не реализираа два пенала и целото второ полувреме имаа играч повеќе.
Германија можеше да дојде во водство уште во 3 минута, но Јусуф Моукоко не реализираше најстрога казна. Ударот на напаѓачот на Борусија Дортмунд одлично го одбрани израелскиот голма Даниел Перетц.
Израелците поведоа во 20 минута преку Дор Тургеман, но шест минути подоцна израмни Јан Аурел Бисецк.
Израел во последните моменти од првото полувреме остана со играч помалку откако беше исклучен Еден Карцев. Во вториот дел доминираше германската селекција, а во 80 минута доби уште еден пенал. Овојпат шутираше Јесик Нганка, но израелскиот голман уште еднаш извонредно реагираше.
Во вториот мечод истата Група Ц, Англија ја совлада солидната селекција на Чешка со 2:0, со головите на Џејкоб Ремзи во 47 и Емили Смит Роуви во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот.