Преглед Евролига: Нов домашен пораз на Ѕвезда, Фенер подобар од Барса

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда го впишаа шестиот последователен пораз во Евролигата, откако во рамките од 30 коло во домашната „Арена“ беа поразени од грчки Панатинаикос со 76:89.

Ѕвезда добро го отвори мечот, но нејзиниот налет кусо траеше, па грчкиот претставник брзо ја презема иницијативата и со стопроцентна серија „тројки“ брзо ја презема иницијативата и предноста ја задржа до крајот на мечот.

Во првиот дел ПАО главно поентираше со удари за три поени – 9 од 13, додека во вториот дел доминираше поранешниот играч на Партизан, Матијас Лесор.

Црвена ѕвезда во вториот дел ја зајакна одбраната и неколкупати доаѓаше на едноцифрена негатива, но секогаш во важните моменти нејзините играчи правеа несфатливи грешки во нападот. Како што одминуваше играта и одбраната во последните две четвртини попушти, ја загуби агресивноста и цврстината.

На крајот Панатинаикос заслужено триумфираше, иако ѝ овозможи на Ѕвезда да се обиде да направи пресврт. Но „црвено-белите“, играчки ослабени, немаа расположен играч во нападот.

Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Лесор со 10 поени и 6 скокови, а по 17 коша постигнаа Динос Митоглу и Костас Слукас а вториот имаше и 10 асистенции. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 15 и Џеријан Грент со 12 поени. Кај Ѕвезда по 19 поени постигнаа Дејан Давидовац и Немања Недовиќ, а Џоел Боломбој постигна 11 поени со осум скокови.

Панатинаикос сега има скор 19-11 и е на третото место на табелата, останувајќи во борбата за второто место во елитното натпреварување на крајот од регуларниот дел од сезоната. Ѕвезда, пак, е на 16 место со само 10 победи и двојно повеќе порази.

Во следното коло Црвена ѕвезда во петок му гостува на Виртус во Болоња, додека Панатинаикос дома во Атина ќе ја пречека Барселона.

А токму Катаолнците во дербито од ова коло на Евролигата, беа поразени со 74:88 од кошаркарите на Фенербахче. Турскиот тим по првата четвртина водеше против Барселона со 12 разлика, а на полувремето имаше големи +21 (46:25). Во третиот период Барса ја намали негативата на само пет поени (57:62), а на стартот од последната четвртина беше 59:62, но Фенер побегна со серија од 7:0 на +10 (69:59), набрзо имаше 15 а потоа и 16 разлика, спокојно приведувајќи го натпреварот кон крајот.

Скоти Вилбекин ги предводеше домаќините до 19. победа со 18 поени, а Марко Гудуриќ и Ник Калатес му се придружија со по 13 поени. На спротивната страна најефикасни беа Дарио Бризуела со 18 поени и Николас Лапровитола со 11 поени.

Барселона е втора на табелата со 20 победи и десет порази, додека Фенербахче е четврти со скор 19-11.

ЕА7 Емпорио Армани Милан го совлада Монако на гости со убедливи 98:80. Никола Миротиќ со 21 поен, Девон Хол со 14 и Стефано Тонут со 13 поени ги предводеа гостите, додека кај Монако најефикасни беа Алпа Диало со 17 и Џордан Лојд со 14 поени.

Италијанскиот тим моментално е на 13. место со 13 победи и 17 порази, додека Монако е четврти со скор 19-11.

Во последниот натпревар од вечерта, Валенсија го победи Баерн со 70:68. Германскиот тим го имаше последниот напад за продолжение или победа, но Владимир Лучиќ промаши за „тројка“ и за победа. Кај Валенсија Крис Џонс постигна 19, а Демиен Инглис 15 поени, додека кај германската страна најефикасни беа Девин Букер со 16 и Силвен Франциско со 12. Хрватскиот кошаркар Данко Бранковиќ не играше за Баерн.

РЕЗУЛТАТИ:
Среда
Фенербахче – Барселона 88:74
Монако – Армани Милано 80:98
Црвена ѕвезда – Панатинаикос 76:89
Валенсија – Баерн Минхен 70:68

Вторник:
Анадолу Ефес – Олимпијакос 85:72
Жалгирис Каунас – Виртус Болоња 96:81
Алба Берлин – Реал Мадрид 79:86
Макаби Тел Авив – Асвел-Вилурбан 98:90
Партизан – Басконија 87:83

ТАБЕЛА:
1. Реал Мадрид 30 24 6 2580-2354
2. Барселона 30 20 10 2480-2359
3. Панатинаикос 30 19 11 2416-2270
4. Фенербахче 30 19 11 2515-2412
5. Монако 30 19 11 2446-2365
6. Олимпијакос Пиреа 30 18 12 2331-2238
7. Макаби Тел Авив 30 17 13 2604-2607
8. Виртус Болоња 30 17 13 2404-2444
9. Басконија Виторија 30 16 14 2505-2492
10. Партизан 30 14 16 2464-2491
11. Валенсија 30 14 16 2285-2323
12. Баерн Минхен 30 13 17 2291-2377
13. Армани Милано 30 13 17 2319-2301
14. Анадолу Ефес 30 13 17 2507-2560
15. Жалгирис Каунас 30 12 18 2385-2410
16. Црвена ѕвезда 30 10 20 2435-2447
17. Асвел Вилурбан 30 7 23 2331-2551
18. Алба Берлин 30 5 25 2281-2578