![Basketball Euroleague: Khimki Moscow Region vs Maccabi Tel Aviv BC](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/makabi-himki.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Кошаркарите на Макаби, Баерн и Макаби славеа во петокот во дуелите од петтото коло на Евролигата.
Макаби гостинската победа кај Химки од 87:85 ја оствари во дополнителните пет минути. Стрелците на израелскиот тим ги предводеше Тајлер Дорси со 26 поени, а кај рускиот претставник предничеше Алексеј Швед со 32 коша.
Баерн на својот паркет со 74:68 го совлада Олимпијакос. Вејд Болдвин со 18 коша беше најдобар стрелец кај Германците, а за Грците Папаниколау постигна 13 поени.
Во дербито на вечерта, како увертира за фудбалското „Ел Калсико“, Барселона во својата „Блауграна“ го совлада Реал Мадрид со 79:72, а Каталонците на полувремето имаа предност од убедливи 48:27. Домашните стрелци ги предводеше Кајл Курич со 15 коша, а кај гостите Треј Томпкинс постигна 13 поени.
Баен, Жалгирис и Барселона се на врвот на табелата со сооднос од 4-1.