Преглед Евролига: Ѕвезда испушти „+18“ против Макаби за нов пораз, Партизан исчезна во последната делница со Барса

Кошаркарите на белградска Црвена ѕвезда се поразени дома од Макаби со 80:84, а Партизан на гости кај Барселона впиша убедлив пораз од 76:94 во натпреварите од 29. коло на Евролигата.

Самиот почеток на натпреварот целосно им припадна на кошаркарите на Црвена ѕвезда. Јаго дос Сантос беше фантастичен во тие моменти, брилјираше и Џавонте Смарт, додека играчите на Макаби имаа огромни проблеми и во одбраната и во нападот. „Црвено-белите“ играа како во транс, во моментите кога Јаго одеше на клупата неговата улога ја преземаа Смарт и Адам Ханга, а Смарт посебно блесна на средината на втората четвртина кога погоди „тројка“ и заврши контранападот со „положување“ од скок.

Кога Ѕвезда дојде на 18 поени предност на почетокот на втората делница, се чинеше дека ќе успее да направи изненадување со многу скратената ротација поради бројните поведи. Сепак, набрзо стана јасно дека „црвено-белите“ тешко ќе ја повторат играта од првото полувреме во недостиг на освежувања од клупата. Макаби го подигна нивото на игра во одбраната, на другата страна неговите играчи почнаа да ги реализираат ударите за три поена“, додека кошаркарите на Ѕвезда целосно ја загубија енергијата.

Од минута во минута Макаби ја намалуваше разликата, Ѕвезда повремено, главно со шутеви за „тројка“, одржуваше некаква предност, но во последната четвртина гостите успеаја да направат пресврт од две клучни ситуации, бидејќи Џош Ниебо двапати имаше успешни офанзивни скока и поентиршае од положување под прекршок.

Ѕвезда се врати во мечот по неспортскиот фаул над Јаго, кога Бразилецот доби страшен удар во главата од Коулсон и остана да лежи на подот, а потоа видно зашеметен беше однесен во соблекувалната. Сепак, Лоренцо Браун го одби овој налет на белграѓаните и му донесе победа на Макаби.

Црвена ѕвезда така остана на 10 победи и 19 порази, додека Макаби има скор од 16-13.

Кошаркарите на Партизан поразени со осмиот по ред пораз се враќаат од гостувањето во Барселона, а моментот кој го реши победникот беше последната четвртона во која „црно-белите“ постигна само осум поени.

Партизан одлично го отвори натпреварот и водеше со 16:9, но Барселона првиот дел го заврши со водство од пет разлика (29:24). На полувремето Барселона имаше предност од само три поена (51:48), но во средината на третата четвртина домашните веќе имаа големи +15 (67:52).

Следеше серијата на Партизан од 6:0 со поени на Ледеј, но потоа „црно-белите“ како да се исклучија од натпреваарот. Во последните 10 минути Барселона влезе со плус шест (74:68), Партизан успеа да се приближи на четири поени заостанување, но набрзо згаснаа сите надежи. По поентирањето на Ледеј, Партизан повеќе од четири минути не постигна кош, а тоа го искористија Шпанците и се вратија на двоцифрена предност. Каталонците потоа мирно го завршија натпреварот и заслужено славеа во „Блауграна“.

Алекса Аврамовиќ беше најефикасен кај Партизан со 27 поени, повторно одигра одлично, исто како и Зек Ледеј кој застана на учинокот од 16 поени и шест скока. Николас Лапровитола ја предводеше Барселона со 17 поени, Вили Ернангомез 15, Рокас Јокубаитис 13, Џабари Паркер 12, а Никола Калиниќ девет (1/1 двојки, 2/2 тројки, 1/2 шут).

Барселона сега има скор 20-9, а Партизан 13-16 и до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во плеј-инот во Евролигата.

Во останатите натпреври одирани вечерва, Монако, Олимпијакос и Фенербахче ги продолжија победничките серии.

Кошаркарите на Олимпијакос славеа со 71:65 против Панатинаикос во најголемото грчко дерби, со што ја остварија шестата победа во низа во ова натпреварување.

Уште една победа извојува Монако кој победи со 90:82 на гостувањето кај берлинска Алба.

Најубедливата победа на вечерта ја оствари турскиот Фенербахче кој пред своите гледачи ја совлада Валенсија со 118:88 и третпат по ред славеше во настапите во Евролигата.

Лидерот Реал Мадрид има учинок од 22-6 и натпревар помалку. Барселона е втора со 20-9, а трет Монако со 19-10. Три тима имаат скор 18-11 и тоа Панатинаикос, Олимпијакос и Фенербахче. Во борба за место во плејофот се и Болоња Виртус (17-11), Басконија (16-13) и Макаби (16-13).

РЕЗУЛТАТИ

29. коло

Фенербахче – Валенсија 118:88
Олимпијакос – Панатинаикос 71:65
Црвена ѕвезда – Макаби Тел Авив 80:84
Алба Берлин – Монако 82:90
Барселона – Партизан 94:76
Басконија – Армани Милано 88:73

Се игра во петок:
Асвел – Анадолу Ефес (20.00 ч.)
Баерн – Жалгирис (20.30 ч.)
Виртус Болоња – Реал Мадрид (20.30)

ТАБЕЛА
1. Реал Мадрид 28 22 6 2405-2201
2. Барселона 29 20 9 2406-2271
3. Монако 29 19 10 2366-2267
4. Панатинаикос 29 18 11 2327-2194
5. Олимпијакос 29 18 11 2259-2153
6. Фенербахче 29 18 11 2427-2338
7. Виртус Болоња 28 17 11 2249-2259
8. Басконија 29 16 13 2424-2407
9. Макаби Тел Авив 29 16 13 2506-2517
10. Партизан 29 13 16 2377-2408
11. Валенсија 29 13 16 2215-2255
12. Анадолу Ефес 28 12 16 2342-2404
13. Баерн 28 12 16 2159-2249
14. Армани Милано 29 12 17 2221-2221
15. Жалгирис 28 11 17 2231-2265
16. Црвена ѕвезда 29 10 19 2359-2358
17. Асвел 28 6 22 2157-2373
18. Алба 29 5 24 2202-2492