Фудбалерите на полски Лех, швајцарски Базел, белгиски Андерлехт и италијанска Фиорентина се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига.
Андерлехт со подобро изведување на пенали го елиминира Лудогорец. Белгијците во четвтрокот вечерта победија во регуларниот дел со 2:1, а резултатот на првиот меч во Бугарија беше 1:0 за Лудогорец, па пласманот го решаваа пенал. Стрелци за Андерлехт беа Франко Русо кој во 13 минута постигна автогол и Јари Вершаерен во 68 минтуа, а за бугарскиот претстњеевник Игор Тиаго во 71 минута.
Прецизни од „белата точка“ за Андерлехт беа Рафаелов, Вертоген и Вершарен, додека сите први три бугарски играчи промашија.
Базел на домашен терен го совлада Трабзонспор со 2:0 и го анулира поразот (0:1) од Турција. Многу пехови имаше и Трабзонспор, кому два гола му беа поништени со ВАР-проверката, а Бакасеташ промаши пенал во 27 минута.
Во првиот меч Фиорентина победи со 4:0 кај Брага, а во Фиренца Италијанците со 3:2, откако португалскиот тим имаше предност од првиот натпревар од 2:0.
Полски Лех победи со 1:0 против норвешкиот Бодо/Глимт на домашен терен и мина по 0:0 од Норвешка. Швеѓанецот Микаел Ичак постигна прооден гол во 76 минута.
Фудбалерите на Партизан не се пласираа во осминафиналето на Конференциската лига откако на реваншот вечерва во Белград беа поразени со 1:3 од молдавскиот Шериф. Првиот натпревар во Молдавија заврши со победа на Партизан со 1:0.
Српскиот тим поведе со голот на Кеенси Меениг во 13 минута. Израмни Седрик Бадоло од Буркина Фасо во 22 минута од пенал, додека двоен стрелец беше херојот на дуелот, Сенегалецот Мухамед Диоп во првата минута од судиското надополнување на првиот дел и во 47 минута.
Во осминафиналето се пласираше и римски Лацио кој одигра 0:0 со романскиот Клуж и ја потврди победата од 1:0 на „Олимпико“. Пласманот на римјаните им го олесни Хрватот Карло Мухар, кој беше исклучен во 77 минута.
Кипарски АЕК Ларнака одигра 0:0 со украински Днипро и ја зачува победата од 1:0 од првиот натпревар.