Турските фудбалери ја постигнаа втората последователна победа во квалификациите за ЕУРО 2024 во Групата Д, во која е и Хрватска, совладувајќи го Велс со 2:0 во Самсун.
Турците со мака дојдоа до победата, иако работата им ја олесни црвениот картон на Џо Морело во 41 минута. На почетокот на вториот дел, Чалханоглу промаши пенал, но во 72 минута Умут Најир конечно постигна гол за водство. На 2:0 зголеми Арда Гулер во 80 минута.
Фудбалерите на Ерменија претходно во оваа група ја победија Летонија на домашен терен. Ерменците во петокот ги совладаа Велшаните со 4:2 на гостински терен, а во понеделникот победија против Летонија во Ереван со гол во 91 минута од пенал за 2:1.
Дефанзивецот на Локомотив Москва, Најаир Тикизјан ги доведе Ерменците во водство во 35 минута, но Летонците израмнија со голот на Робертс Саванијекс во 67 минута. Летонскиот дефанзивец Кристерс Тоберс во 91 минута играше со рака, а важна победа за Ерменците од пенал оствари играчот од средниот ред на Слован Братислава, Тигран Баргесијан. Летонците во петокот загубија од Турција во Рига со 2:3 со гол исто така во судиското надополнување, во 97. минута.
Турците водат на табелата со девет бодови, Ерменија е втора со шест, а Хрватска има четири бода со натпревар помалку од Ерменците и два натпревари помалку од Турците.
Во другите натпревари Англија ја демолираше Македонија со 7:0 на „Олд Трафорд“ со трите гола на Букајо Сака, Франција со голот од пенал на Килијан Мбапе славеше на домашен терен над Грција со 1:0, додека Швајцарија на домашен терен играше против Романија 2:2 откако водеше со 2:0 до 90 минута. Словенија и Данска одиграа 1:1 во Љубљана, додека Казахстан продолжи со изненадувања совладувајќи ја Северна Ирска со 1:0.
ГРУПА Б
Ирска – Гибралтар 3:0 Џонстон (52), Фергусон (59), Ајдахо (92)
Франција – Грција 1:0 Мбапе (55. пенал). Црвен картон: Мавропанос (69/Грција)
Табела:
1. Франција 4 4 0 0 9 0 12
2. Грција 3 2 0 1 5-2 6
3. Ирска 3 1 0 2 4-3 3
4. Холандија 2 1 0 1 3-4 3
5. Гибралтар 4 0 0 4 0:12 0
Група Ц – 4. коло:
Англија – Македонија 7:0 Кејн (29, 73/пенал), Сака (39, 47, 51), Рашфорд (45), Филипс (64)
Украина – Малта 1:0 Циганков (72. пенал)
Табела:
1. Англија 4 4 0 0 15-1 12
2. Украина 3 2 0 1 4 4 6
3. Италија 2 1 0 1 3-2 3
4. Македонија 3 1 0 2 4:11 3
5. Малта 4 0 0 4 1-9 0
Група Д – 4. коло:
Ерменија – Летонија 2:1 Тикнизијан (35), Барсегјан (91/пенал//Савалниекс 67
Турција – Велс 2:0 Најир 72, Ѓулер 80. Црвен картон: Морел (41/Велс)
Табела:
1. Турција 4 3 0 1 7 5 9
2. Ерменија 3 2 0 1 7-5 6
3. Хрватска 2 1 1 0 3-1 4
4. Велс 4 1 1 2 4-7 4
5. Латвија 3 0 0 3 3-6 0
Група H – 4. коло:
Финска – Сан Марино 6:0 Камара (16′), Келман (39′), Хаканс (65′, 72′, 74.), Пукки (76.)
Северна Ирска – Казахстан 0:1 Аимбетов (88)
Словенија – Данска 1:1 Шпорар 25//Хојлунд 42
Табела:
1. Финска 4 3 0 1 10 3 9
2. Казахстан 4 3 0 1 8 4 9
3. Данска 4 2 1 1 7-5 7
4. Словенија 4 2 1 1 5-4 7
5. Северна Ирска 4 1 0 3 2-3 3
6. Сан Марино 4 0 0 4 0:13 0
Група I – 4. коло:
Швајцарија – Романија 2:2 Амдуни (28, 41)//Михаила (89, 92)
Израел – Андора 2:1 Шломо (42′), Соломон (61′)//Росас (52′)
Белорусија – Косово 2:1 Морозов 73, Ебонг 75//Муриќи (87/пенал)
Табела:
1. Швајцарија 4 3 1 0 12 3 10
2. Романија 4 2 2 0 6-3 8
3. Израел 4 2 1 1 5:6 7
4. Белорусија 4 1 0 3 4:10 3
5. Косово 4 0 3 1 3-4 3
6. Андора 4 0 1 3 3-7 1