Преглед Ла Лига: Барса до пресврт и победа од пенал во судиското продолжение

Во последниот натпревар од 19. коло на шпанскиот фудбалски шампионат, Барселона на гости го победи Лас Палмас со голот на Илкај Гундоган од пенал во третата минута од судиското продолжување на натпреварот за целосен резултатски пресврт на 2:1.

Барселона со оваа победа се искачи на третото место со 41 бод, седум бода помалку од водечкиот двоец Реал Мадрид и Жирона. Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид по 38 бодови, ја следат Барса

Ла Палмас поведе во 12. минута со голот на мароканскиот напаѓач Мунир Ел Хадади. Сандро Рамирез одлично нафрли од десната страна, а Ел Хадади вешто погоди крај Инаки Пења. Интересно, и двајцата играчи на Лас Палмас во текот на нивните кариери настапуваа за каталонскиот тим. Сандро играше за младинскиот тим на Барса, а од 2014 до 2016 година за сениорскиот тим, додека Ел Хадади беше играч на Барселона од 2014 до 2018 година, но поголемиот дел од времето го помина на позајмица во Валенсија и Алавес. Во 29. минута Сандро можеше да се впише меѓу стрелците, но неговиот удар заврши во рамката од голот.

Гостите, чиишто напаѓачи неброени пати на овој натпревар беа фатени во офсајд стапици на домашната одбрана, во вториот дека заиграа далеку поангажирано и по неколкуте пропуштени можности успеаја да израмнат во 56. минута со голот на Феран Торес, до кого топката среќно се одби а тој прекрасно погоди. До крајот од натпреварот Барса притискаше и кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без победник, Барселона излезе како победник. Жоао Феликс одлично шутираше, Алваро Валес уште еднаш одбрани, но топката се одби до Гундоган кој со глава можеше да ја упати во празната мрежа, но беше турнат од Далек Синкгравен. Судијата Пабло Гонзалес не се двоумеше, досуди пенал и му покажа црвен картон на холандскиот дефанзивец. Гундоган беше сигурен во победа на гостите од 2:1.

За Барселона од 79. минута играше 18-годишниот Бразилец Витор Роке, кој на крајот на декември пристигна во Барса од Атлетико Паранаенсе, како што шпекулираат медиумите за 40 милиои евра.

На претходните два натпревара во четвртокот победи забележаа Атлетик Билбао и Осасуна.

Атлетик Билбао на гости ја победи Севиља со 2:0, забележувајќи ја третата последователна победа. Со оваа победа Билбао ја продолжи серијата без пораз на девет кола, остварувајќи шест победи и три ремија. Од друга страна, Севиља го забележа вториот последователен пораз, а петти во последните шест кола, со што падна на 16. место. Стрелци за гостите беа Микел Весга во 30. минута, а Аитор Паредес во 76. минута. За Севиља од 41. минута настапи хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ кој во игра влезе наместо повредениот Немања Гудељ.

Три бода освои и Осасуна која со 1:0 ја победи Алмерија, а решавачкиот гол го постигна хрватскиот репрезентативец Анте Будимир во 27. минута од натпреварот. Тоа беше негов деветти првенствен гол оваа сезона и е најдобриот стрелец на тимот од Памплона и шести стрелец во Примера. Осасуна со оваа победа ја задржа 12. позиција со 22 бода, додека Алмерија е бек со само пет бода.