Преглед ЛЕ: Милан и Јунајтед минаа, Лестер и Баер во аут

UEFA Europa League round of 32, second leg between AC Milan and Red Star Belgrade at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 25 February 2021. ANSA / MATTEO BAZZI

Фудбалерите на европските великани Милан, Манчестер Јунејтед и Рома инаа во осминафиналето на Лига Европа, додека Баер Леверкузен и Лестер Сити иако фаворити го завршија натпреварувањето.

Милан многу потошеко од очекуваното ја мина белградска Црвена ѕвезда. По 2:2 во Белград, во реваншот на „Сан Сиро“ беше 1:1, а „Росонерите“ се пласираа натаму само благодарејќи на правилото за повеќе голови постигнати на гостински терен.

Милан поведе во 9 минута од пеналот кој го реализираше Франк Кеси, а израбни Бен Набујане во 24 минута. Во второто полувреме Стефано Пиоли во игра ги воведе и Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ, Ѕвезда остана со играч помалку во 70 минута кога беше ислучен Марко Гобељиќ, но до крајот немаше уште погодоци.

Најголемото изненадувањето во 16-финелто го направи прашка Славија која го елиминираше фаворизираниот Лестер Сити. По мечот без голови во Прага, Славија на „Кинг Пауер“ славеше со 2:0, а стрелци беа Лукаш Провод во 49 и Абдала Сима во 79 минута.

Изненадување претставува и елиминирањето на Баер Леверкузен од Јанг Бојс. По 4:3 во првиот меч, швајцарскиот претставник во Леверкузен победи со 2:0, а стрелци беа Теосон Зјебате во 47 и Кристијан Фаснахт во 86 минута.

Манчестер Јунајтед во првиот меч го победи Реал Сосиедад со 4:0, а реваншот заврши без погодоци. Дуелот можеше да донесе многу возбудувања доколку во 14 минута гостите поведоа од најстрогата казна, но Микел Ојарзабал шутираше крај голот.

По победата во Португалија со 2:0, Рома на својот „Олимпико“ ја победи Брага со 3:1. Един Џеко во 23, Карлес Перез во 74 и Борха Мајор во првата минута од судиското продолжение на мечот беа стрелци за „Волчицата“, а единствениот гол за Брага во овој двомеч го постигна играчот на Рома Бријан Крисанте кој во 87 минута ја затресе сопствената мрежа.

ПСВ Ајндховен го победи Олимпијакост со 2:1, откако грчкиот клуб во првиот меч славеше со 4:2. За ПСВ двата погодока ги постигна Захави во 23 и 44 минута, а голот кој му донесе пласман на Олимпијакос го постигна Хасан во 88 минута.

РЕЗУЛТАТИ

Хофенхајм (Германија) – Молде (Норвешка) 0:2 (прв натпревар 3:3)
Арсенал (Англија) – Бенфика (Португалија) 3:2 (прв натпревар 1:1)
Ренџерс (Шкотска) – Антверпен (Белгија) 5:2 (прв натпревар 4:3)
Наполи (Италија) – Гранада (Шпанија) 2:1 (прв натпревар 0:2)
Шахтјор Донецк (Украина) – Макаби ТА (Израел) 1:0 (прв натпревар 2:0)
Ајакс (Холандија) – Лил (Франција) 2:1 (прв натпревар 2:1)
Вилјреал (Шпанија) – Салцбург (Австрија) 2:1 (прв натпревар 2:0)
Баер Леверкузен (Германија) – Јанг Бојс (Швајцарија) 0:2 (прв натпревар 3:4)
Клуб Бриж (Белгија) – Динамо Киев (Украина) 0:1 (прв натпревар 1:1)
Динамо Загреб (Хрватска) – Краснодар (Русија) 1:0 (прв натпревар 3:2)
ПСВ Ајндховен (Холандија) – Олимпијакос (Грција) 2:1 (прв натпревар 2:4)
Манчестер Јунајтед (Англија) – Реал Сосиедад (Шпанија) 0:0 (прв натпревар 4:0)
Милан (Италија) – Црвена ѕвезда (Србија) 1:1 (прв натпревар 2:2)
Рома (Италија) – Брага (Португалија) 3:1 (прв натпревар 2:0)
Лестер Сити (Англија) – Славија Прага (Чешка) 0:2 (прв натпревар 0:0)