Фудбалерите на Волфсбург на коло пред крајот го обезбедија пласманот во 16-финалето на Лига Европа откако на гостувањето кај Алескандрија славеа со 1:0, а пласман во вториот круг изборија и Брага, Гент и Вулверхемптон.
Победата на Волфсбург му ја донесе Вегхорст со голот во судиското продолжение на првото полувреме од пенал. Во вториот дуел од Групата И, Сен-Етјен и Гент одиграа без голови, што им беше доволно на гостите да минат. Гент води на табелата со 9 бодови, Волфсбург има 8, Сен-Етјен 4, а Александрија 3 бода.
Во Групата Г беа одиграни два одлични натпревара по кои сѐ уште ништо не е решени и сите четири екипи имаат шанса да одат натаму. Феенорд и Ренџерс одиграа 2:2, додека Порто на гостувањето го победи Јанг Бојс со 2:1.
Феенорд стаса до предност во 33 минута прекуи Торнстре, но Ренерс преку Морелос во второто полувреме, во 53 и 65 минута, направи пресврт. Сепак, Синистера во 68 минута израмни на 2:2.
Во вториот дуел од групата Порто со пресврт дојде до победата. Јанг Бојс дојде во водство во 6 минута со голот на Фасаншт, но Абубакар со двата гола за три минути, во 76 и 79-та, ги израдува Португалците. Во последните моменти од мечот Швајцарците можеа да израмнат, но Фаснашт ја погоди стативата.
На табелата води Ренџерс со 8 бодови, Порто и Јанг Бојс имаат по 7, а Феенорд е четврти со 5 бодови.
Во Групата Х, ЦСКС ремизираше со Лудогорец 1:1, а без победник заврши и средбата меѓу Ференцварош и Еспањол 2:2.
Клаудиу Кесеру постигна гол за водство на Лудогорец во 66 минута, а во 75 минута Фјодор Чалов израмни за московјаните кои со овој бод ги загубија сите шанси за натаму.
Еспањол со 11 бодови си обезбеди минување, додека за вториот круг ќе се борат Лудогорец со 7 и Ференцварош со 6, а ЦСКА остана на само два бода.
Во Групата К натаму одат Брага и Вулверхемптон кои во меѓусебниот дуел одиграа 3:3, додека Бешикташ ја впиша првата победа против Слован Братислава со 2:1. На табелата води Брага со 11 бодови, Вувлерхемптон има бод помалку, Слован има 4, а Бешикташ 3 бода.