Преглед Лига Европа II: Фенер и Манју ремизираа, Порто подобар од Хофенхајм

Фенербахче и Манчестер Јунајтед одиграа 1:1 во Истанбул во дербито на вечерта во Лига Европа. „Црвените ѓаволи“ не забележаа победа во Лига Европа ниту во третиот обид. По ремито против Твенте и Порто, Јунајтед освои само бод против Фенербахче.

Јунајтед поведе во 15. минута со голот на Кристијан Ериксен, но турскиот тим израмни во 49. минута со голот на Јусеф Ен-Несири, кој така дојде до пет бодови. Во 59. минута домашните бараа пенал откако Угарте стартуваше над Осаи-Самуел, но францускиот судија Турпен не покажа на белата точка, туку поради приговори го исклучи Жозе Мурињо од клупата на Фенер.

Порто го победи Хофенхајм со 2:0. Тиаго Џало ги доведе домаќините во предност во последните моменти од првото полувреме, а победата на Порто ја потврди Сем во 75. минута.

Лион загуби на домашен терен од Бешикташ со 0:1, а решавачкиот гол го постигна Гедсон Фернандеш во 72. минута.

Третите победи ги остварија и Тотенхем, Лацио и Андерлехт кои се осамија на врвот на табелата со максимални девет бода.

Тотенхем го совлада АЗ со 1:0 со голот на Ричарлисон од пенал во 53. минута, Лацио како гостин го совлада Твенте со 2:0 (Родригез 35, Исаксен 87), додека Андерлехт беше подобар од Лудогорец со 2?0, а головите Стрелци беа Самуел Едози (67) и Андерс Драјер (90+4).

АЗ последните пет минути играше во Лондон без исклучениот Дејвид Волф, Твенте против Лацио остана со играч помалку во 11. минута откако Ларс Унерстал „поцрвене“, а Лудогорец имаше играч помалку кога Каио Видал беше исклучен во 30. минута.Без бодови и натаму се Макаби Тел Авив, Динамо Киев и Карабаг.