![Napoli](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/12/Napoli.jpg?resize=696%2C440&ssl=1)
Фудбалерите на ФК Копенхаген и Наполи станаа 13-та и 14-та екипа коишто се пласираа во осминафиналето на годинешното издаени на Лигата на шампионите, данскиот првак до второто место во групата А стасо со домашната победа од 1:0 против Галатасарај, додека италијанскиот шампион во рупата Ц го обезбеди со домашниот триумф од 2:0 против Брага.
ФК Копенхаген и Наполи им се приклучија на Баерн, Арсенал, ПСВ Ајндховен, Реал Мадрид, Реал Сосиедад, Наполи, Атлетико Мадрид, Лацио, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, РБ Лајпциг и Барселона, кои пласманот го обезбедија уште пред завршувањето на последното коло, додека преостанатите двајца патници во осминафиналето ќе бидат познати по натпреварите во среда.
ФК Копенхаген и Галатасарај влегоа во мечот од последното коло од групата А со по пет бода, а јасно беше дека победникот ќе го заземе второто место зад Баерн, додека реми ќе отвори можност за Манчестер Јунајтед, во случај да победи во дуелот против Баварците, да дојде до втората позиција.
Лерагер (58) го постигна голот за пласман понатаму за Данците. Галасарај напролет ќе игра во Лига Европа, бидејќи остана трет откако Баерн го победи Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0 со голот на Коман (70).
Баерн го освои првото место во групата А со 16 бодови, ФК Копенхаген е втор со осум, Галатасарај трет со пет, додека Манчестер Јунајтед европското патување го заврши со четири бода.
Бод од дуелот против Брага беше доволен за Наполи да го обезбеди второто место во групата Ц зад Реал Мадрид, но по нешто повеќе од половина час имаше водство од 2:0 благодарение на автоголот на Саати (9) и гол на Осимхен (33).
Вториот Наполи заврши со 10 бода, додека Брага остана трета со четири бидејќи во вториот натпревар од оваа група Реал Мадрид го совлада Унион Берлин како гостин со 3:2, иако капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ промаш пенал. Реал со оваа победа го заврши натпреварувањето во групата со максимални 18 бодови, додека Унион Берлин остана на дното со три бода.
Во 45. минута, не баш добриот удар на Модриќ од белата точка, по земја, го одбрани Роноу. Минута подоцна Унион поведе преку Воланд (45+1), но Хоселу (61, 72) со два гола го обезбеди пресвртот. Крал (85) израмни на 2:2 за тимот од неодамна предводен од Ненад Бјелица, но Себаљос (89) сепак постигна гол и се погрижи „кралскиот“ клуб да го заврши натпреварувањето во групата со стопроцентен учинок.
Салцбург загуби на домашен терен од Бенфика со 1:3 и падна од третото на четвртото место во групата. Откако во првото полувреме Ди Марија (32) и Рафа Силва (45+1) ѝ донесоа водство на Бенфика од 2:0, Лука Сучиќ (57) го започна вториот дел со удар од околу 20 метри кој се одби од блокот на гостинската екипа, но пороа стоперот намали на 1:2. Салцбург и со минимален пораз ќе останеше трет во групата, но Кабрал (90+2) погоди во судиското продолжение за конечни 3:1 за Бенфика и премин на португалскиот гигант во Лига Европа.
Во натпреварот за првото место во групата, Интер и Реал Сосиедад одиграа во Милано 0:0, па шпанскиот тим заврши на првото место, а италијанскиот на второто место. Двата клуба освоија по 12 бода, Бенфика и Салцбург го завршија натпреварувањето со по четири бода, но на крајот Бенфика е трета, а Салцбург четврти.
Фудбалерите на Севиља нема да ја бранат титулата на победникот во Лигата на Европа, бидејќи во натпреварот од последното 6. коло од групата Б на Лигата на шампионите загубија на гостувањето кај Ланс со 1:2 во директен дуел за третото место кое води во Лига Европа, а својата европска сезонава ја завршија на последното место со само два освоени бода.
На Севиља ѝ беше потребна победа во Ланс за да скокне на третото место во групата и да се премести напролет во Лига Европа, додека на домаќините им беше доволен бод. Кога Франковски од пенал (63) го доведе Ланс во водство од пенал, задачата на Севиља стана многу потешка, но Серхио Рамос (80), исто така, од пенал го израмни резултатот на 1:1, откако мораше да го повтори изведувањето, првиот неговиот удар го одбрани домашниот голман Самба. Гостите потоа тргнаа на целосен пресврт, но во шестата минута од судиското надополнување, Фулгини (90+6) во контранапад погоди за победа на Ланс.
Ланс го заврши натпреварувањето на третото место во групата со осум бодови, додека Севиља остана на дното со два бода.
На средбата меѓу екипите кои веќе имаа обезбедено пласман во осминафиналето, ПСВ и Арсенал одиграа 1:1 во Ајндховен. Нкетиах (42) ги доведе гостите во водство, а Вертесен (50) израмни.
Арсенал уште порано го обезбеди првото место, а натпреварувањето во групата го заврши со 13 бодови, додека ПСВ е втор со девет.