Преглед ЛШ: ПСЖ славеше на „Олд Трафорд“, мина Борусија, Жиру ја декласираше Севилја

Во дербито на вечерта во фудбалската Лига на шампионите во средата, Пари Сен Жермен на неговиот стадион го победи Манчестер Јунајтед со 3:1, со што ја кмплицираше ситуацијата во Групата Х, додека Челзи со 4:0 на гости ја совлада Севилја обезбедувајќи го првото место во групата, а Борусија Дортмунд преку Лацио го обезбеди минувањето во нокаут-фазата.

Во натпреварот кој предизвика најголемо внимание, ПСЖ со гостинската победа им се реваншираше на манчестерските „Црвени ѓаволи“ за поразот од 1:2 во првиот нивен дуел во Париз.

На Јунајтед му беше доволен и само бод за да обезбеди една од првите две позции кои водат во осминафиналето, но со поразот сега расплетот е комплициран. Бидејќи РБ Лајпциг славеше кај Истанбул Башакшехир со 3:2, а пред последно коло Манју, ПСЖ и Лајпциг имаат по девет бодови. Парижаните во последното коло играат дома против отпишаните Турци, додека РБ Лајпциг и Манчестер Јунајтед во меѓусебниот дуел ќе се борат за осминафиналето. Англичаните притоа се во предност, бидејќи во првото соочување славеа дури со 5:0.

На „Театарот на сништата“ ПСЖ поведе уште во 6 минута со голот на Нејмар, но Јунајтед израмни во 32 минит преку Маркус Рашфорд. Англискиот напаѓач притоа ја имаше помошта од Данило од кого се одби топката и го измами Кејлор Навас. Домашните во 56 минута можеа да направат пресврт, но стативата ги спаси Французите. Јунајтед изведе брз противнапад, Единсон Кавани прими добро проигрување и од 20 метри се обиде да го лобува Навас, но ја погоди стативата. Марсиал ја собра одбиената топка во казнетиот простор и шутираше кон гостинскиот гол но се испречи Маркињос.

ПСЖ по ова предупредување ја презема иницијативата и во 69 минута повторно дојде во предност, кога Маркињос од една мешаница пред домашниот гол погоди за 2:1. Само две минута подоцна Јунајтед беше уште еднаш шокиран, откако Фред во еден дискутабилен старт го доби вториот жолт каротн и мораше да го напушти теренот. Се чини дека тоа беше клучниот момент на мечот, а Нејмар го постави конечниот резутлтат во првата минута од судиското продолжение.

РБ Лајпциг ги освои трите важни бода во борбата за пласман во осминафиналето во возбудливиот дуел во Истанбул кој го доби со 4:3. Гостите од Германија имаа водства од 2:0 и 3:1, но домашните предводени од тројниот стрелец Ирфан Кавечи успеаја да израмнат на 3:3. Сепак, вообичаено кога игра германски тим, гостите до победата дојдоа во судиското продолжение.

РБ Лајпциг поведе во 26 минута, Марсел Забитцер шутираше од повеќе од 25 метри, но топката на патот кон противничкиот гол го погоди Јусеф Поулсен и го измами домашниот голман. Мукиеле во 43 минута зголеми на 2:0, но во последните минути од првиот дел Кавечи го врати Башакшехир во игра. Един Вишча од корнер упати приземна топка на работ од шеснаесетникот, а Кавечи со одличен удар погоди за 1:2.

Во 66 минута Лајпциг повторни отиде на „плус два“ со голот на Дани Олмо, но само шест минути Кавечи намали на 2:3. Одличната претстава вечерва овој 25-годишен играч од средниот ред ја круниса со својот трет погодок на мечот со фантастичен гол од слободен удар во 85 минута. Но и тоа не беше доволно, бидејќи во втората минута од судиското продолжување Лајпциг стаса до победата со одличниот удар на Александер Сорлот од 20-ина метри за конечните 4:3.

Манчестер Јунајтед е прв на табелата со 9 бодови, колку што имаат и ПСЖ и РБ Лајпциг, додека Истанбул Башакшехир испадна од сите комбинации за европска пролет бидејќи остана на само три бода.

 

Во Групата Е, Челзи со симултанката на Оливие Жиру на гости ја совлада Севилја со 4:0 осигурувајќи си го првото место во групата. Двата тима и пред мечот го обезбедија учеството во осминафиналето, а на стадионот „Санчез Пизхуан“ играа за престиж и првото место во групната фаза, бидејќи првиот нивен дуел во Лондон заврши беа погодок.

Челзи поведе веќе 8 преку Жиру кој убаво погоди по асистенција на Каи Хавертц. Францускиот ветеран во 54 минута ја удвои предноста на лондонците на додавање од Матео Ковачиќ, во 74 минута Жиру поентираше по асисетнција на Канте, а одличната вечер ја затвори со реализација на пеналот кој самиот го избори во 83 минута.

Со 34 години и 63 дена Жиру така стана највозрасниот играч во форматот на Лигата на шампионите кој постигнал „хет-трик“, а кога ќе се земе предвид и претходниот формат на најелитното европско натпреварување Купот на шампионит повозрасен од него е само Ференц Пушкаш кој имал 38 години и 173 дена кога впишал „хет-трик“ за Реал Мадрид во 1965 година.

Во претходно одиграниот натпревар Краснодар со 1:0 го совлада Рен, а единствениот погодок го постигна Маркус Берг во 72 минута. Александар Мартинович упати долга топка, Берг беше побрз од француската одбрана и излезе сам пред голманот Ромен Сален и погоди.

На табелата води Челзи со 13 бодови, Севилја има 10, Краснодар 4 а Рен еден бод. Последното коло треба да има само ревијален карактер, бидејќи Челзи го пречекува Краснодар а Рен само доколку високо ја совлада Севилја дома може да оди на третото место.

 

Во Групата Ф, ослабената Борусија во Дортмунд, која играше без првиот стрелец во натпреварувањето Ерлинг Халанд и без Емре Чан, сепак ја исполни целта, го освои бодот кој ѝ беше доволен за пласман натаму. Халанд отпадна поради проблеми со тетивата, а Чан има повреда на мускулот. Домашните поведоа во 44 минута со голот на Рафаел Гвереира, а израмни Чиро Имобиле од пенал во 67 минута.

Во вториот меч од групата разиграниот Клуб Бриж со 3:0 ги смете Зенит, обезбедувајќи го утешното третот место и продолжувње во Лига Европа, но истовремено и останувајќи со шанси за пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Головите ги постигнаа Шарл де Кетелар во 33, Ханс Ванакен во 58 минута од пенал и Ланг во 73 минута.

На табелата води Борусија Дортмунд со 10 бодови, Лацио има 9, Клуб Бриж има 7, а Зенит само еден бод. Во последното коло играат Зенит – Борусија и Лацио – Клуб Бриж.

 

Во Групата Г Барселона и Јувентус остварија очекувани победи против Ференцварош односно Динамо Киев. Барса во Будимпешта славеше со 3:0 завршувајќи ја работата за помалку од половина час, а Јуве во Торино со идентичен резултат го совлада Динамо. Т

Играчки доста изменетиот состав на Каталонците во Будимпешта рутински стаса до победата со головите на Гризман во 14, Брајтвајт во 20 и Дембеле во 28 минута од пенал, иако можеше да постигна уште повисока победа. Стрелци за Јуве беа Киеза во 21, Роналдо во 57 и Мората во 66 минута.

Барселона води со 15 бодови, Јувентус има 12, а Ференцварош и Динамо Киев по еден бод. Во последното коло на „Камп Ноу“ ќе се решава прашањето на првиот во групата, а во предност е Барса која во Торино славеше со 2:0. Ференцварош и Динамо во Киев, пак, ќе се борат за место во Лига Европа, а нивниот први дуел во Будимпешта заврши со резултат 2:2.

 

РЕЗУЛТАТИ и ПЛАСМАН

 

Група Е:
Краснодар – Стад Рен 1:0
Севилја – Челзи 0:4

1. Челзи 5 4 1 0 13: 1 13
2. Севилја 5 3 1 1 6: 7 10
3. Краснодар 5 1 1 3 5:10 4
4. Рен 5 0 1 4 2: 8 1

Група Ф:
Борусија Дортмунд – Лацио 1:1
Бриж – Зенит Сант Петербург 3:0

1. Борусија Дортмунд 5 3 1 1 10: 4 10
2. Лацио 5 2 3 0 9: 5 9
3. Бриж 5 2 1 2 6: 8 7
4. Зенит 5 0 1 4 3:11 1

Група Г:
Ференцварош – Барселона 0:3
Јувентус – Динамо Киев 3:0

1. Барселона 5 5 0 0 16: 2 15
2. Јувентус 5 4 0 1 11: 4 12
3. Динамо Киев 5 0 1 4 3:13 1
4. Ференцварош 5 0 1 4 5:16 1

Група Х:
Истанбул Башакшехир – Лајпциг 3:4
Манчестер Јунајтед – ПСЖ 1:3

1. Манчестер Јунајтед 5 3 0 2 13: 7 9
2. ПСЖ 5 3 0 2 8: 5 9
3. РБ Лајпциг 5 3 0 2 8:10 9
4. Истанбул Башакшехир 5 1 0 4 6:13 3