Преглед на Лигата на нациите: Унгарија со гостинска победа кај Германија, БиХ во Дивизијата А

Фудбалерите на Унгарија продолжија со одличните настапи во Групата 3 во елитната дивизија на Лигата на нациите на УЕФА и во петокот вечерта во Лајпциг ја совладаа домашната селекција на Германија со 1:0.

Одличниот решавачки погодок во 17 минута го постигна Адам Салаи. По корнерот, на првата статива Салаи одлично се снајде и во скок со петицата ја испрати топката во мрежата на Германците. До крајот на дуелот ова остана единствениот погодок, со тоа што Германија опасно притискаше, особено во второто полувреме. Но, и многу добрите Унгарци можеа и поубедливо да слават откако одлични шанси пропуштаа Адам и Кејнхејслер.

Унгарија така скокна на првото место во ткн „група на смртта“ со Италија, Германија и Англија. За победникот во групата и селекцијата којашто ќе патува на финалниот турнир на четирите најдобри репрезентации ќе решава последното коло и меѓусебниот дуел меѓу Унгарија и Италија, имајќи предвид дека „Аѕурите“ вечерва славеа во Милано над Англија со 1:0. Тука човек на одлуката беше Џакомо Распадори кој беше стрелец во 68 минута.

Пред последното коло Унгарија има 10 бодови а Италија осум, и на Италијанците во игра им се само победа. Третата Германија со шест бодови веќе не може да дојде до првото место, како и Англија којашто со само два бодат се сели во Дивизијата Б.

 

Босна и Херцеговина во Зеница со 1:0 ја совлада Црна Гора, со што на коло пред крајот го осигура првото место во Групата 3 во Дивизијата Б, а тоа ѝ обезбедува следната сезона натпреварување во елитната класа следната сезона. Натпреварот го реши погодокот на одлуката од волеј го постигне Ермедин Демировиќ во првата минута од судиското продолжение на првото полувреме.

БиХ со оваа победа пред последното коло ѝ побегна токму на Црна Гора на недостижни четири бодови. Зад овие селекции се Финска и последната Романија кои во Хелсинки одиграа 1:1. Финците поведоа во 12 минута со голот на Теему Пуки, а Романците израмнија во 52 минута преку Флорин Танасе.

БиХ има 11 бодови, Црна Гора седум, Финска пет а Романија четири бодови.

 

Во Тбилиси селекцијата на Македонија создаваше шанси, но домашната Грузија на крајот славеше со 2:0 и обезбеди играње во Дивизијата Б следната сезона од новиот циклус на Лигата на нациите. Во еден од ретките напади на Грузијците во првиот дел, во 35 минута нафрлената топка во петерецот несреќно го погоди Бојан Миовски и заврши во мрежата на Столе Димитриевски, а новата ѕвезда на грузискиот фудбал и напаѓач на Наполи кој игра во одлична форма Квича Кваратшкелија во 64 минута го постави конечниот резултат.

Во истата Група 4 од Дивизијата Ц, Бугарија очекувано со 5:1 на домашен терен го совлада Гибралтар. Бугарите поведоа во 23 минута преку Валентин Антов, но само по три минути Гибралтар шокираше со израмнување за кое се погрижи Рој Чиполина. Пота следуваа погодоците на Кирил Десподов во 36, Радослав Кирилов во 53, Илијан Стефанов во 55 и Марин Пламенов Петков во 81 минута.

Коло пред крајот Грузија со двете победи над Македонија си обезбеди следната сезона да игра во значително поквалитетната Дивизија Б, со четири победи и едно реми со вкупно 13 бодови и гол-разлика 14-2. Македонија пред директниот судир со Бугарија во Скопје има предност од еден бод, а Гибралтар освои еден бод.

 

Дивизијата Д следната сезона со Дивизијата Ц ќе ја замени и селекцијата на Естонија, која го обезбеди второто место во Групата 2. Естонија ја постигна третата победа во исто толку натпревари, и стана недостижна токму за Малта којашто ја победи во Талин со 2:0.

На крајот на првиот дел Малта остана без исклучениот Жан Борг, во судиското продолжение, а потоа од пенал Естонија ја доведе во водство Рауно Сапинен. Малтежаните израмнија на почетокот од второто полувреме, во 51 минута, исто така од пенал кој го реализираше Теди Таума. На Малта од ова гостување ѝ беа потребни сите три бодови, но останаа и без еден, откако Хенри Аниер го постигна победничкиот погодок во 86 минута.

Така Естонија отиде на девет бодови а Малта остана со шест бодови, а во оваа група со три селекции Сан Марино остана без бодови.