Преглед НБА: Чудесниот „трипл-дабл“ на Вестбрук ги скрши Пејсерс

Вашингтон Визардс на својот паркет ги совлада Индијана Пејсерс со 154:141, а оваа победа особено ќе ја памети Расел Вестбрук кој имаше извонредно „трипл-дабл“ остварување во кое покрај 14-те коша постигна и лични рекорди во бројот асистенции – 24 и скокови – 21 на еден натпревар.

Ова беше само третиот меч во историјата на НБА лигата на кој еден играш остварил „трипл-дабл“, а притоа да имал најмалку по 20 скокови и асистенции. На Вестбрук тоа му успеа вторпат во кариерата, а пред него тоа го стори легендарниот Билт Чембрелејн.

Плејот на Вашингтон во оваа сезона дојде до 32 „трипл-дабл“ сезонава и 178 во кариерата, со што се приближи на само три такви остварувања од рекордерот Оскар Робинсон.

Стрелците на Визардс ги предводеа Руи Хачимура со 27 коша и Бредли Бил кој додаде 26 поени, а домашните имаа дури девет играчи со двоцифрен број поени. Кај Пејсерс најдобри беа Домантас Сабонис со 32 коша, 19 скокови и 9 асистенции, и Карис Лаверт со 33 поени. Гостите, пак, имаа осум играчи со двоцифрен број поени.

Вашингтон со соодносто победи и порази од 30-35 се израмни со Индијана со 30-34, а една победа повеќе има Шарлот со 31-33. На Визардс им останаа седум а на Пејсерс и Хорнетс по осум натпревари до крајот на основиот дел на сезоната, а овие три екипи веројатно ќе ги заземат позициите од осмото до десеттото место во Источната конференција, кои носат учество на мини-турнирот за влег во плеј-офот.

Во плеј-офот седмиот и осмиот тим од двете конференции ќе играат натпревар за позицијата на седмиот носител во доигрувањето, а поразените од тој дуел ќе иргаат за позицијата на осмиот носител со победникот од дуелот меѓу деветтиот и десеттиот тим на крајот од основиот дел на сезоната.

Седмото место во овој момент го држи Бостон (34-31), но Селтикс се борат и за директно место кое води во доигрувањето со Мајами Хитс (35-30) и Атланта Хоукс (36-30).

Хоукс во оваа борба остварија важна домашна побда од 123:114 во дуелот со Портланд Трејл Блејзерс. Данило Гилинари со 28 коша ги предводеше стрелците на Атланта, Богдан Богдановиќ додаде 25, а Три Јанг врза 21 поени и 11 асистенции. Кај Блејзерс најдобри беа Демиен Лилард со 33 коша и 8 асистенции и СиЏеј Меккалум со 20 поени и 7 асистенции.

И покрај поразот, мечот ќе го памети и Кармело Ентони кој уфрли 14 коша и според бројот на поените во кариерата (27.318) го надмина Илвин Хејс (27.313) кој досега го држеше десеттото место на табелата најдобри стрелци во историјата на НБА лигата.

Портланд со соодносто 36-29 во овој момент се на седмото место во Западната конференција кое води на турнирот на четирите екипи за двете места во доигрувањето. За избегнување на ова седмо место Блејзерс до крајот на сезоната ќе се борат со Далас Маверикс (36-28) и Лос Анџелес Лејкерс (37-28) кои моментално се во мала предност.

Лејкерс со домашната победа 93:89 над Денвер Нагетс ја прекинаа низата од три последователни пораза, иако во тимот го немаше повредениот Леброн Џејмс. Најдобриот играч кај домашните беа Ентони Дејвис со 25 коша, 7 скокови и 3 блокади од кои последбната беше на обидот за „тројка“ на Факундо Кампацо во финишот, со која Денвер можеше да дојде на само поен заостанување.

За Лејкерс 11 коша постигна Алекс Карузо, а по 10 Марк Гасол, Кентавиус Колдвел-Поуп и Тејлен Хортон-Такер. На Нагетс не им помогнаа 32 коша, 9 скокови и 5 асистенции на Никола Јокиќ. Мајкл Портнер џуниор додаде 19 поени.

И покрај поразот, Деневер со соодносот 43-22 има гарантиран настап во доигрувањето. Покрај нив, плеј-офот во Западната конференција претходно го осигураа и Јута Џез со 47-18, Феникс Санс со 46-18 и Лос Анџелес со 43-22.

Јута се врати на врвот на табелата со домашната победа од 110:99 над Сан Антонио Спарс, а повторни најдобар стрелец кај Џез беше Бојан Богдановиќ со 25 коша. Хрватскиот играч по повредата на Домован Мичел ја презема на себе повеќе обврски во нападот, Богдановиќ 17 од своите 25 поени постигна во првото полувреме, по кое домашниот тим имаше 17 коша предност (60:43) кои успешно ги задржаа до крајот на дуелот. Руди Гобер за победниците додаде 24 поени со 15 скокови и 3 блокади, а Џордан Кларксон го заврши дуелот со 16 коша.

Стрелците на Спарс со 22 поени ги предводеше Демар Дерозан, а Руди Гај додаде 17 коша. Спарс со соодносот од 31-33 го држи десетте места што им остава можност за борба за место во доигрувањето.

Во тоа синоќа им помогнаа Голден Стејт Вориорс, кои имаат соодност 33:32, кои славеа со 123:108 на гостувањето кај Њу Орлеанс Пеликанс кои имаа сооднос 29-36.

Повторнио брилјирапе Стефен Кари кој за победниците постигна 41 кош, погодувајќи 8 од 18 обниди за „тројки“ и подели 8 асистенции. Ендрју Вигинс постигна 26 поени, а Дрејмонд Грин оствари „трипл-дабл“ со 10 коша, 15 асистенции и 13 скокови. Цион Вилјамсон со 32 коша ги предводеше Пеликанс, а Брендон Инграм додаде 19 поени.

Мемфис Гризлис со соодносот 32-32 со домашниот пораз од Њујорк Никс кои имаат соодност 37-28, заостанаа зад Вориорос, а Никс по осум гоини дочекаа сезона која ќе ја завршат со повеќе победи од порази.

Гостите до победата ги предводеа Џулиус Рендл со 28 коша, 6 скокови и 6 асистенци, и Дерик Роус со 15 поени. Главната ѕвезда на Гризлис, Џа Морант постигна само 8 поени со шут од игра 2 од 14. Најдобри кај Мемфис беа Дилон Брукс со 25 поени и Дезмонд Бејн со 22 поени. Јонас Валанлиунас врза 11 коша и 16 скокови.

Филаделфија 76ерссе зацврсти на врвот на Источната конференција со победата од 106:94 на гостувањето кај Чикаго Булс. До петтата последователна победа Сиксерс ги предводеа Тобијас Харис со 21 кош и Сет Кари со 20 поени. Коби Вајт постигна 23 коша за Булс.

Во дуелот на налошите тимови во Источната конференција, Орландо Меџикс ги победија на гостувањето Детроит Пистонс со 119:112. Мо Бамба за Меџикс постигна 22 коша со 15 скокови, додека кај Пистонс најдобар беше Садик Неј со 26 поени и 9 скокови.

 

РЕЗУЛТАТИ, 3-ти мај

Јута – Сан Антонио 110:99
Детроит – Орландо 112:119
Вашингтон – Индијана 154-141
Њу Орлеанс – Голден Стејт 108:123
Атланта – Портланд 123:114
Чикаго – Филаделфија 94:106
Мемфис – Њујорк 104:118
ЛА Лејкерс – Денвер 93:89

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Филаделфија 76ерс 44 21 67,7 проценти
2. Бруклин Нетс 43 22 66.2
3. Милвоки Бакс 40 24 62.5
4. Њујорк Никс 37 28 56,9
5. Атланта Хоукс 36 30 54.5
6. Мајами Хитс 35 30 53,8
7. Бостон Селтикс 34 31 52.3
8. Шарлот Хорнетс 31 33 48.4
9. Индијана Пејсерс 30 34 46,9
10. Вашингтон Визардс 30 35 46.2
11. Торонто Репторс 27 38 41.5
12. Чикаго Булс 26 39 40.0
13. Кливленд Кавалирс 21 43 32,8
14. Орландо Меџикс 21 44 32.3
15. Детроит Пистонс 19 46 29.2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

1. Јута Џез 47 18 72,3 проценти
2. Феникс Санс 46 18 71,9
3. Денвер Нагетс 43 22 66.2
4. Лос Анџелес Клиперс 43 22 66.2
5. Лос Анџелес Лејкерс 37 28 56,9
6. Далас Маверикс 36 28 56.3
7. Портланд Трејл Блејзерс 36 29 55.4
8. Голден Стејт Вориорс 33 32 50,8
9. Мемфис Гризлис 32 32 50.0
10. Сан Антонио Спарс 31 33 48.4
11. Њу Орлеанс Пеликанс 29 36 44,6
12. Сакраменто Кингс 27 37 42.2
13. Оклахома Сити Тандерс 21 44 32.3
14. Минесота Тимбервулфс 20 45 30,8
15. Хјустон Рокетс 16 49 24,6