Малку недостасуваше кошаркарите на Хјустон Рокетс да ги шокираат силно фаворизираните Лос Анџелес Лејкерс на гостувањето на нивниот паркет, но домашните успеа да извлечат победа од 119:117 против една од екипите кои имаат најлош почеток на сезоната во НБА лигата.
Рокетс на средината од третата четвртина имаа десет поени предност, а во водство беа до осум минути пред крајот. Тогап предводени од Леброн Џејмс, Лејкерси направиуја пресврт и во последните 45 секунди влегоа со седум коша предност 118:111. Но новјалијата во редовите на Хјустон, Џејлен Грин со две „тројки“ во низа ги доведе Рокетс на само поен заостанување 117:118. Когал Малик Монк погоди само едно слободно фрлање, на Рокетс им останаа 6.6 секунди за напад за победа, но шутот на Кевин Портер џуниор за „тројка“ не беше прецизен.
Леброн Џејмс го заврши дуелот со 30 коша и 10 асистенции, по 27 поени и 9 скокови имаа Ентони Дејвис и Расел Вестбрук, а вториот додаде и 7 асистенции. Гостите ги предводеше Кристијан Вуд со 26 коша и 16 скокови, а Џејлен Грин впиша 24 поени и 5 асистенции.
Крис Пол во понедата на Феникс Санс над Њу Ореланс Пеликанс од 112:110 имаше причина за двојно славење. Плејот на Санс во последната четвртина постигна 12 од вкупно 14-те поени, а дуелот го заврши со 18 асистенци, го доведе до третото место на табелата на најдобрите додавачи во историјата на НБА лигата.
Крис Пол дојде до вкупно 10.346 асистенции во кариерата, со што мина двајца кошаркари – Марк Џексон со 10.334 и поранешната легенда на неговиот сегашен клуб Стив Неш со 10.335. Пред Пол, на врвот на листата се Џон Стоктон со 15.806 и Џејсон Кид со 12.091 успешно додавање.
Санс по првата четвртина беа во заостанување од 14 поени (22:36), но во последната четвртина целосно ги надигра гостинските Пеликанс со 36:18 и дојдоа до победата. Шесте стрелци со двоцифрено остварување ги предводеше Микал Бриџес со 22 коша, Џевејл Мекги и Девин Букер додадоа по 18 поени, а Френк Камински постигна 17 коша. Литванецот Јонас Валанчиунас беше најдобар кај Пеликанск со 23 поени и 14 скокови.
Расположените играчи на Мајами Хитс дојдоа до триумфот од 125:110 на гостувањето кај Далас Маверикс, каде имаа високи 51,8 отсто шут од игра, а погодија и 13 „тројки“ од 25 обиди. Особено ефикасни беа во втората четвртина кога постигнаа дури 46 поени.
Најдобар стрелец кај Хитс беше Тајлер Хиро со 25 поени. Џими Батлер додаде 23 коша, со по 6 асистенции и скокови. По 22 поени впишаа Бам Адебајо и Кајл Лоури кој погоди шест „тројки“ од девет обиди. Адебајо додаде и 12 скокови, а Лоури подели 9 асистенции,. Лука Дончич со 36 поени ги предводеше Мавериск за коио Џејлен Брансон додаде 25 коша.
Во тесно израмнетиот дуел Јута Џез во својата „Вивинт Арена“ со 119:113 ги совладаа Сакраменто Кингс. Донован Мичел во шестата победа од почетокот на сезоната за својата екипа постигна 36 коша, 8 скокови и 6 асистенци, што е неговата најдобра изведба во новата сезона, додека ветеранот Мајк Конли додаде 30 поени. Руди Гобер со 12 коша имаше и 20 скокови и 4 блокади. Трет срелец кај Џез беше Бојан Богдановиќ со 20 коша, а Кингс ги предводеше а Харисон Барнс со 23 и Бади Хилд со 19 поени, кој погоди пет „тројки“ од седум обиди.
Милвоки Бакс успеаја да ја прекинат низата од три пораза, иако беа ослабени без повредените Џру Холидеј и Брук Лопез и заболениот Крис Мидлтон, сите тројца од првата петорка на НБА шампионите.
Јанис Адетонкумбо во победата од 117:89 на гостувањето кај Детроит Пистонс впиша 28 коша, 9 асистенции, 8 скокови и 4 блокади. Пет Канугтон и Џордан Нводра додадоа по 16 поени за победниците, а Боби Портис имаше 12 коша и 8 скокови, Џереми Грант со 21 поен беше најдобриот стрелец кај Пистонс кои во седум натпревари од почетокот на сезоната остварија само една победа.