Преглед НБА лига: Денвер го разби Кливленд со нов „трипл-дабл“ на Јокиќ, Дончиќ близу 50-ка

Кошаркарите на Денвер Нагетс на свој терен ги совладаа Кливленд Кавалирс со 130:101, а повторно најдобар играч на теренот беше српскиот центар Никола Јокиќ. Јокиќ забележа нов трипл-дабл и го демолираше Кливленд, а впиша на крајот 26 поени, 18 скока и дури 16 асистенции.

Српскиот центар не го отвори баш најдобро мечот, но се „разбуди“ во вториот дел, „додаде гас“ во третиот, а само во четвртиот го даде последниот шмек. Кентавиус Колдвел-Поуп додаде 22 поени за Денвер, кој е втор на Западот, додека Еван Мобли од Кливленд беше најдобар со 23 поени.

Лос Анџелес Клиперс синоќа победија на гостувањето кај Шарлот Хорнетс со 130:118, а хрватскиот кошаркар Ивица Зубац со „дабл-дабл“ учинок учествуваше во победата на својот тим. Зубац на теренот мина 33:08 минути постигнувајќи 24 коша со само еден промашен шут од поле и 12 скока со една асистенција и три блокади.

Пол Џорџ беше најдобар стрелец на натпреварот и на победничката екипа со 41 поен, од кои осум тројки. Кави Ленард постигна 23 поени. Кај Хорнетс најдобар беше Мајлс Бриџис со 33 прекини.

Пред последната фаза од сезоната која започнува на 16. април со плеј-ин, остануваат меѓу седум и осум натпревари за секој тим да игра од сега до недела на 14 април.

И додека е извесно дека прв на Истокот ќе биде Бостон Селтикс, борбата за првата позиција во Западната конференција се води меѓу три екипи.

За тронот и за предност на домашен терен барем до евентуалното конференциско финале се борат Оклахома Сити Тандер (моментално први, 52 победи – 22 порази), шампионот Денвер (52-23) и Минесота (51-23).

Оклахома на гостински терен ги победи Њујорк Никс со 113:112. Шаи Гилџеус-Александер ѝ обезбеди победа на Оклахома на 2,6 секунди до крајот. Оклахома, моментално прва (52-22) со оваа победа обезбеди пласман во плеј-офот, првпат по 2020 година, кога во првото коло беше елиминирана од Хјустон Рокетс.

Џош Гиди имаше „трипл-дабл“ учинок со 16 поени, 13 скока и 12 асистенции, додека Џејлен Вилијамс постигна 33 поени за Оклахома Сити. Гилџеус-Александер додаде 19 поени за Оклахома, која го доби шестиот натпревар во последните осум натпревари.

За Њујорк, кој е четврти во Источната конференција, најдобар беше Џејлен Брунсон со 30 поени, а Богдановиќ одигра 10:44 минути и постигна пет поени (2/4 шут од поле, 0/1 тројка) со еден скок.

Неизвесно е и на дното на Западната конференција, каде на последното место се Голден Стејт Вориорс (40-34), кои го предводат плеј-инот, а предничат Лос Анџелес Лејкерс (42-33). Покрај тоа, на Вориорс им се заканува 11-топласираниот Хјустон Рокетс (38-36), на кој му гостуваат во четврток.

Синоќа Голден Стејт Вориорс го совладаа Сан Антонио Спарс со 117:113 на гостински терен, а до победата ги предводеше Стивен Кари кој натпреварот го заврши со 33 поени и осум асистенции. Дрејмонд Грин додаде 21 поен, 11 асистенции, шест скока и шест украдени топки.

Виктор Вембањама беше најдобар стрелец на Спарс со 32 поени и девет скока.Лос Анџелес Лејкерс во Њујорк го победија Бруклин Нетс со 116:104, а Леброн Џејмс го израмни рекордот на сезоната со 40 поени и го израмни рекордот во кариерата со девет „тројки“. Кам Томас се обиде да остане во чекор со Џејмс, постигнувајќи 30 поени за Нетс, чија серија од три победи беше прекината.

Далас Маверикс ги победија Хјустон Рокетс на гости со 125:107, а Лука Дончиќ го израмни рекордот во кариерата со девет „тројки“ и натпреварот го заврши со 47 поени. Далас, петти на Западот, ја продолжи својата победничка серија на седум натпревари, а Хјустон, чија серија од 11 победи беше прекината, моментално е 11-ти на Западот (38-36), зад Голден Стејт.

Дончиќ додаде 12 скока и седум асистенции за Маверикс кои водеа со дури 29 поени, а Кајри Ирвинг постигна 24 поени. Џабари Смит Џуниор го израмни најдоброто остварување во кариерата со пет „тројки“ и го предводеше Хјустон со 28 поени.

Во Минеаполис, Чикаго Булс ги победија Минесота Тимбервулфс со 109:101, кои (51-23) сѐ уште се борат за првото место на Западот и предност на домашен терен во плеј-офот. Демар Дерозан постигна 27 поени и имаше осум асистенции за Чикаго, а Алекс Карузо додаде 21, од кои седум тројки. Ентони Едвардс постигна 22 поени и забележа 11 скока, дабл-дабл забележа и Руди Гоберт со 19 поени и 10 скока.

Сакраменто Кингс на домашен терен фи победија Јута Џез со 127:106. Харисон Барнс и Киган Мареј постигнаа заедно 49 поени, а ДеАрон Фокс и Домантас Сабонис имаа дабл-дабл за Сакраменто, кој е на седмото место во Западната конференција. Мареј заврши со рекордни 25 поени, а Барнс постигна 24 поени за Кралевите. Брајс Сенсабо и Колин Секстон постигнаа по 22 поени за Јута.