Никола Јокиќ постигна 37 поени со 18 скока и 15 асистенции, Мајкл Портер Џуниор погоди за водство на 6,5 секунди до крајот, а Денвер Нагетс синоќа на домашен терен ги победија Далас Маверикс со 122:120.
Ова е шести „трипл-дабл“ за Јокиќ оваа сезона, а за тоа му требаа помалку од три четвртини, Џамал Мареј постигна 18 поени, Портер додаде 17, а Пејтон Вотсон додаде 16 за домашната победа на Денвер. На Далас не му помогна ниту расположениот Кајри Ирвинг, кој натпреварот го заврши со 43 поени, од кои шест „тројки“.
Ирвинг погоди три „тројки“ на почетокот на последната четвртина за да ја претвори предноста од четири поени на Денвер во водство на Маверикс од 105:102. Мареј погоди од две положувања од скокови за пресврт пред Ирвинг да погоди уште една „тројка“, а потоа Нагетс ги постигнаа следните седум коша за водство 113:108 на нешто помалку од пет минути до крајот на натпреварот.
Лука Дончиќ постигна пет последователни поени за изедначување, а Наџи Маршал со „тројка“ го доведе Далас во водство од 116:115. Мареј реализираше едно слободно фрлање за уште еднаш да израмни, а Ирвинг и Јокиќ со два коша во низа го поставија резултатот на 120:120 на 48,7 секунди до крајот. Ирвинг беше изблокиран на шут на 29,6 секунди до крајот, а Портер го доби скокот пред да поенира за да ги доведе Нагетс крајното водство.
Дончиќ го заврши натпреварот со 24 поени, девет скока и девет асистенции, Даниел Гафорд постигна 16 поени, а Клеј Томпсон додаде 10 за Маверикс.
Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го победија Торонто Репторс со 123:103, а Леброн Џејмс во победата на својот тим учествуваше со „трипл дабл“ учинок. Џејмс постигна 19 поени со 16 асистенции и 10 скока, а Ентони Дејвис додаде 22 пред да го напушти натпреварот во третата четвртина поради повреда на окото. Ова е втор последователен „трипл-дабл“ за Џејмс, трет во сезоната и 115-ти во кариерата.
Остин Ривс постигна 22 од своите 27 поени во второто полувреме, а Д’Анџело Расел додаде 15 за Лејкерси. Крис Баучер и Ри Џеј Барет постигнаа по 18 поени, а Очаи Агбаџи додаде 16 за Репторс.
Сакрамнето Кингс победија со 127:118 над Феникс Санс по продолжение. До победата ги предводеа Де’Арон Фокс и Демар Дерозан, кои постигнаа по осум поени во продолжението.
Без Кевин Дурант, кој е надвор од терените најмалку две седмици поради истегнување на потколеницата, Санс ја испуштија предноста од 11 поени во последната четвртина и ја прекинаа својата серија од седум победи.
Бредли Бил од Феникс го отвори продолжението со положувања, но Дерозан постигна осум последователни поени за водство на Кингс од 119:113 на 3,06 до крајот. Бил одговори со четири коша на 2,06 до крајот и ја намали негативата на Санс на 118:121. Потоа следеше серија на Фокс да го доведе Сакраменто до третата победа во последните четири натпревари.
Дерозан заврши со 34 поени, Фокс додаде 21 поен и 11 скока, а Домантас Сабонис имаше 20 поени и 12 скока. Бил ги предводеше Санс со 28 поени, Девин Букер заврши со 23 поени и 12 асистенции, а Тајус Џонс заврши со рекордни 22 во сезоната.
РЕЗУЛТАТИ:
ЛА Лејкерс – Торонто Репторс 123:103
Орландо Меџик – Вашингтон Визардс 121:94
Портланд Трејл Блејзерс – Мемфис Гризлис 89:134
Денвер Нагетс – Далас Маверикс 122:120
Феникс Санс – Сакраменто Кингс 118:127
Минесота Тимбервулвс – Мајами Хит 94:95
Оклахома Сити Тандер – Голден Стејт Вориорс 116:127
Индијана Пејсерс – Њујорк Никс 132:121
Детроит Пистонс – Хјустон Рокетс 99:101
Милвоки Бакс – Бостон Селтик 107:113
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија
Бостон Селтикс 9 2 .818 —
Њујорк Никс 4 5 .444 4
Бруклин Нетс 4 6 .400 4 1/2
Филаделфија 76ерс 2 7 .222 6
Торонто Репторс 2 9,182 7
Централна дивизија
Кливленд Кавалирс 11 0 1.000
Индијана Пејсерс 5 5 .500 5 1/2
Чикаго Булс 4 6 .400 6 1/2
Детроит Пистонс 4 7 .364 7
Милвоки Бакс 2 8 .200 8 1/2
Југоисточна дивизија
- Орландо Меџик 5 6 .455 —
- Мајами Хит 4 5 ,444 —
- Шарлот Хорнетс 4 6 .400 0 1/2
- Атланта Хокс 4 7 .364 1
- Вашингтон Визардс 2 6 .250 1 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија
- Феникс Санс 8 2.800 —
- Голден Стејт Вориорс 8 2.800 —
- Лос Анџелес Лејкерс 6 4.600 2
- Лос Анџелес Клиперс 6 4 .600 2
- Сакраменто Кингс 6 4 .600 2
Југозападна дивизија
- Мемфис Гризлис 7 4 .636 —
- Хјустон Рокетс 6 4 .600 0 1/2
- Далас Маверикс 5 5 .500 1 1/2
- Сан Антонио Спарс 4 6 .400 2 1/2
- Њу Орлеанс Пеликанс 3 7 .300 3 1/2
Северозападна дивизја
- Оклахома Сити Тандер 8 2.800 —
- Денвер Нагетс 7 3 .700 1
- Минесота Тимбервулвс 6 4 .600 2
- Портланд Трејл Блејзерс 3 8 .273 5 1/2
- Јута Џез 2 7 .222 5 1/2