Преглед НБА лига: Вориорс ја добија пресметката во Феникс, нов рекорд на Џејмс

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја добија третата рунда од пресметките за најдобарата позиција во НБА лигата, а во божикната победа во Феникс над Санс од 116:107 имаа и неочекиван херој во Ото Портер помладиот.

Ото Портер во завршните пет минути од дуелот ја изведе својата најдобра имитација на она што ианку го прави капитенот на Вориорс, Стеф Кари, кој, пак, го одигра својот најдобар меч на Божик со 33 коша од кои 5 „тројки“, но со релативно лош шутерски ефект од 5 од 16 обиди. Кари, кој никогаш преходно во божикните дуели не постигнал повеќе од 20 поени и две „тројки“, сепак со своето присуство на теренот го привлече вниманието на домашната одбрана врз себе, што отвори простор за соиграчите, што најдобро го искористи Портер.

Од последните 12 коша на Вориор, Портер помладиот постигна 10 и бееше асистент при поентирањето на Дрејмонд Грин за водство 109:104. Портер прво погоди „тројка“ за 107:99 на 4,50 минути до крајот, кога Санс се приближија на 107:109, тој во интервал од 62 секунди во три последователни поседи нанижа 7 поени и ги одведе гостите до победа. Прво погоди „долга двојка“ од пет метри за 111:107 на 2,09 минути до крајот, потоа со чекор наназад од истата оддалеченост погоди зљ 113:107 на 1,40 минити до крајот и победата ја „завери“ со „тројка“ за 116:107 на 1,07 минути до крајот. Портер џуниор мечот го заврши со 19 коша и 6 скокови.

Дрејмодн Грин ги исполни статистичките графи со 8 коша, 8 скокови и 10 асистенции. Кај Вориорс, ослабени со неиграњето на Ендрју Вигионс, Андреа Игуадала, Џордан Пул и Демион Ли, се истакнаа Гери Пејтон Втори со 14 поени и 8 скокови, како и новајлијата Џонатан Каминг со 12 коша.

Вориорс со соодносот меѓу победите и поразите од 27=6 со втората победа во трите досегашни меѓусебниот дуелот им го преземаа на Санс, со соодносот 26-6, првото место на табелата на Западната конференција и се водечкиот тим во НБА лигата.

Во воедначениот тим на Санс, Крис Пол имаше 21 кош и 8 асистенции, Деандре Ејтон постигна 18 поени со 7 скокови, а Микал Бриџес се запра на 17 коша. Одбраната на Вориорс усепа да го задржи Девин Букер на 13 поени, со шут 5 од 19 обиди.

Со третиот најдобар сооднос во НБА лигата од 23-9, Јута Џез засега кора да се помират дека се зад водечкиот тандем, а екипата од Солт Лејк Сити на своите навивачи за Божик им подари победа над Далас Маверикс со 120:116.

Важна улога во тимот на Џез одигра хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ кој имаше остварување од 25 коша со 4 скокови и шут од 9 од 13 од игра, и беше втор стрелец зад Донован Мичел со 33 коша, а неговите поени во неизвесната завршница ја заверија победата на домашните. Прво на 2 минутипред крајот погоди „тројка“ за зголемување на водството на 115:107, а потоа погоди две слободни фрлања за 120:114, кога остана помалку од половина до истекот на времето. Покрај Богдановиќ и Мичел одлично одигра и Мик Конли кој постигна 22 коша со 7 соковои 5 асистенци.

Кај Маверикс, ослабени со неигрирањето од Лука Дончич и Тим Хардавеј џуниор, по 27 коша уфрлија Кристапс Порцингис и Џејлен Браун, а Френк Бтиликин постигна 17 поени.

Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс требаше да бидат сведоци на судирот на ѕвездите во преоменуваниот „Стејплес Центар“ кој од саботата стана „Крипто.ком Арена“, но гостинските Бруклин Нетс допатуваа без Кевин Дјурант и Кајри Ирвинг, а во домашнот тим недостигаше Ентони Дејвис.

Но излезе дека Лејкерс беа повеќе хендикепирни бидејќи го доживеаја и петтиот последователен пораз, иако беа многу блиску до голем пресврт. Имено, гостите на почетокот од последната четвртина имаа предност од 23 поени од 107:84 и се чинеше дека ќе остварат убедлива победа. Но Лејкерс за само три ипол минути направија серија од 17:0 и дијдоа до заостанување од шест поени, за во завршницата да се влезе без предност со резултат 115:115. Сепај, Нетс го спречија пресвртот благодарејќи на Џејмс Харден кој во завршницата ги погоди сите четири слободни фрлања, а претходно му асистираше на Нил Клакстон за забувањ со кое Бруклин ја започнаа заршната серија од 7:0.

Харден мечот го заврши со 36 коша, 10 скокови и 10 асистенции. Пети Милс го следеше о 34 поени, Брус Браун додаде 16, а Деанде Бембри 15 поени кај победниците.

На Леброн Џејмс слаба утеха ќе му биде што стана најефикасниот играч на божикните натпревари, а на таа листа го надмина Коб Брајанат кој до синоќа беше на врвот со 395 коша. Откако на Нетс им даде 39 коша, Џејмс сега има 422 поени.

Но на Лејкерс не им помогна и тоа Џејмс додаде уште 7 асистенции и 9 скокови, зашто соиграчите не сторија доволно. Малик Монк постина 20 поени, Кармело Ентоно врза 17 поении 11 скокови, а Расел Вестбрук дојде до нов „трипл-дабл“ со 13 поени, 12 скокови и 11 асистенции, но погои само 4 шута од 20 обиди.

Но она што не им појде од рака на Лејкерс, го сторија Милвоки Бакс пред своите навивачи против гостинските Бостон Селтикс кој беа во воство 47 ипол минути на мечот за на крајот да загубат со 113:117 во напнатата завршница. Селтикс на почокот од втората четвртина имаа 19 поени предност, а со двоцифрена разлика влегоа и во последите пет и пол минути со 109:106. До крајот на дуелот, Бакс направија серија 21:4 и дојдоа до третата последователна победа и го одбележаа враќањето на Јанис Адетонкумбо од ковид-протоколот.

Адетокумбо мечот го заврши со 36 коша и 12 скокови, а по 17 поени додадоаКрис Мидлтон и Џру Хоидеј, додека Боби Портис оствари 16 кошаи 10 скокови. Џејсон Тејтум и Џејлен Броун со по 25 коша предничеа кај Бостон Селтикс кои играа само со осум игрчи.