Преглед НБА: Ниту разиграниот Јокиќ не им помогна на Нагетс, Дончиќ лидер и на почетокот на сезоната

На Денвер Нагетс не им помогна ниту „трипл-дабл“ учинокот на Никола Јокиќ, да го избегнат поразот од Оклахома Сити Тандер, на отворањето новата НБА сезона со 87:102.

Оклахома Сити до победата ги предводеше Шаи Гилџеус-Александер со 28 поени и 14 скока, а Арон Вигинс 15 поени. Јокиќ натпреварот го заврши со 16 поени, 13 асистенции и 12 скока. А 16 поени постигна и Кристијан Браун, Мајкл Портер Џуниор впиша 15 поени, а Џамал ​​Мареј и Арон Гордон додадоа по 12 поени за Денвер.

Оклахома Сити изгради водство од 65:56 на почетокот на третата четвртина, но Нагетс одговорија со серија од 8:2 за да дојдат на 64:65. Но, потоа Оклахома полека повторно се одлепувапе за да дојде до предност од дури 19 поени на почетокот на последната четвртина.

Далас Маверикс со победа ја започна новата сезона, победувајќи го Сан Антонио Спарс на домашен терен со 111:90. Лука Дончиќ постигна 28 поени со 10 скока и осум асистенции, а Клеј Томпсон во дебито на Маверикс додаде 22 поени.

Маверикс во третата четвртина успеаја да ја претворат негативата од два поена на полувремето во предност од 14 поени. Далас се оддвои откако Спарс стигнаа до седум поени разлика во последната четвртина.

Џулијан Шампањ и Џереми Сочан беа најефикасни кај Спарс со по 18 поени. Виктор Вембањама и Харисон Барнс додадоа по 17 поени.

Во првиот натпревар од новата сезона, Минесота Тимбервулфс го победија Сакраменто Кингс со 117:115 на гостински терен, а победата ја обезбеди Ентони Едвардс кој на 2,4 секунди до крајот реализираше две слободни фрлања.

Едвардс го заврши натпреварот со 32 поени, а Џулиус Рендл беше најдобар стрелец кај победничката екипа со 33 поени. Демар Дерозан го предводеше поразениот Сакраменто, кој водеше со 12 поени разлика на средината на третата четвртина, со 26 украдени топки. Домантас Сабонис додаде 24 поени.

Актуелните шампиони Бостон Селтикс победија и на вториот натпревар во сезоната, победувајќи ги Вашингтон Визардс на гости со 122:102. Џејлен Браун постигна 27 поени, а Џејсон Тејтум заврши со 25 поени, 11 скока и шест асистенции во победата на Бостон, кој водеше со дури 32 поени во вториот дел. Тоа беше отворањето на сезоната за Вашингтон, предводен од Џордан Пул со 26 поени.