
Во последниот натпревар во НБА лигата одигран ноќта кон неделата Бостон Селтикс со 114:107 беа подобри од Њујорк Никс, а до победата ги водеа Џош Ричардсон со 27 и Џејсон Тејтум со 25 коша.
Јута Џез го доживеаја вториот пораз по ред во исто толку вечери, а од нив во Солт Лејк Сити беа Вашингтон Визардс со 109:103.
Визардс до победата со која ја прекинаа низата од четири порази, ги предводеше расположениот Бредли Бил кој дуелот го заврши со 37 поени, 7 асистенции и 5 скокови. Најдобар поединец кај Јута беше Домован Мичел со 32 коша и 5 асистенции.
Домашен пораз доживеаја и Лос Анџелес Клипер кои со 103:104 беа поразени од Оклахома Сити Тандерс на коишт победата со звукот на сирената им ја донесе Шеј Гилџес-Алексендер. Ова е само четвртата победа на Оклахома во 17-те натпревари, а за Клиперс втор последователен пораз.
Лугентц Дорт во победата на Оклахома постигна 29 коша, а Гилџес-Александер и Џош Гиди по 18 поени. Лук Кенард беше најефикаен кај Клиперс со 27 коша од кои 7 „тројки“, а Теренс Ман додаде 18 поени.
Хјустон Рокетс со 116:107 беа подобри од Детроит Пистонс, а до победата ги предводеше Кристијан Вуд со 21 кош и 8 скокови. Покрај него сите други членови од првата петорка впишаа двоцифрен ефект – Ерик Гордон додаде 18 коша и 5 асистенции, Гарисон Метјус со 16 коша, Џај-Шон Тејт со 11 коша а Кенјон Мартин џуниор 10 поени. Ова за пистонс беше 14-от последователен пораз.
Торонто Рапторс на домашен паркет со 119:100 беа подобри од Голден Стејт Вориорс. Фред Ванвлит и Скоти Барнс заедно постигнаа по 48 коша за домашната екипа, а кај Вориорс, кои играа без своите најдобри играли, Демион Ли впиша 14 поени, Гери Пејтон Втори 13 а Кевон Луниј 12 поени.
Кливленд Кавалирс стасаа до шестата победа во низа совлдувајќи ги на гостувањето со 119:90 Милвоки Бакс. Џеди Осман беше најдобар стрелец победничкиот тим со 23 коша, а Дариус Гарланд додаде 22 поени.
Милвоки Бакс, кои беа без Боби Портис, Весли Метјус, Донте Дивинченцо и Јанис Адентокумбо кои се во изолација, ги предводеше Џордан Нвора со 28 коша.
Орландо Меџикс со 110:93 беа подобри од Бруклин Нетс прекинувајќи ја така серијата од седум последователни порази. За Орландо ова е само втора победа во последните 15 натпревари, иако пропуштија водство од 17 коша.
Робин Лопез беше најдобар стрелец за победниците со 20 коша и 10 скокови, додека Гари Харис додаде 17 коша. Пети Милс постигна 23 коша за Нетс.
РЕЗУЛТАТИ
Детроит Пистонс – Хјустон Рокетс 107:116
Бостон Селтикс – Њујорк Никс 114:107
Бруклин Нетс – Орландо Меџикс 93:100
Торонто Рапторс – Голден Стејт Вориорс 119:100
Оклахома Сити Тандерс – ЛА Клиперс 104:103
Јута Џез – Вашингтон Визардс 103:109
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 90:119
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бруклин Нетс 21 9 ,700 –
2. Бостон Селтикс 15 15 .500 6
2. Филаделфија 76ерс 15 15 .500 6
4. Торонто Репторс 14 15 .483 6 1/2
5. Њујорк Никс 13 17 .433 8
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Чикаго Булс 17 10 .630 –
2. Кливленд Кавалирс 19 12 .613 –
3. Милвоки Бакс 19 13 .594 0 1/2
4. Индијана Пејсерс 13 18 .419 6
5. Детроит Пистонс 4 24 .143 13 1/2
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хитс 18 12 ,600 –
2. Шарлот Хорнетс 16 15 .516 2 1/2
2. Вашингтон Визардс 16 15 .516 2 1/2
4. Атланта Хокс 14 15 .483 3 1/2
5. Орландо Меџикс 6 25 .194 12 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 23 5 .821 –
2. Голден Стејт Вориорс 24 6 .800 –
3. Лос Анџелес Клиперс 16 14 .533 8
3. Лос Анџелес Лејкерс 16 14 .533 8
5. Сакраменто Кингс 12 18 .400 12
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 19 11 .633 –
2. Далас Маверикс 14 14 .500 4
3. Сан Антонио Спарс 11 17 .393 7
4. Хјустон Рокетс 10 20 .333 9
5. Њу Орлеанс Пеликанс 10 21 .323 9 1/2
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута Џез 20 9 ,690 –
2. Денвер Нагетс 15 14 .517 5
3. Минесота Тимбервулфс 14 15 .483 6
4. Портланд Трејл Блејзерс 12 18 .400 8 1/2
5. Оклахома Сити Тандерс 9 19 .321 10 1/2