Во првиот од трите натпревари одиграни ноќта кон саботата, кошаркарите на Филаделфија 76ерс пред своите навивачи го совладаа водечкиот тим во НБА, Кливленд Кавалирс со 132:129, со што ја прекинаа серијата од седум натпревари без победа.
Пол Џорџ ги предводеше стрелците на Сиксерс со 30 поени, Тајрис Макси го заврши натпреварот со 29 поени и седум асистенции, додека Кели Оубре Џуниор впиша 22 поени и 13 скока.
Целата стартна петорка на Филаделфија беше многу продуктивна, а сите го завршија натпреварот со двоцифрен учинок. Ерик Гордон постигна 15 поени, погодувајќи ги сите четири обиди за „тројки“, додека Гершон Јабуселе комбинираше 12 поени и 13 скока. Џастин Едвардс даде важен придонес влегувајќи од клупата со 15 поени.
Дуелот беше исклучително изедначен. Екипите 30 пати го разменуваа водството, а 18 пати беше израмнет резултатот. И двата тима беа шутерски расположени, кошаркарите на Филаделфија постигнаа 21 „тројка“ од 39 обиди (53,8 отсто), додека гостите реализираа 25 од 52 удари од дистанца (48,1 отсто).
На нешто повеќе од шест минути до крајот, Кавалирс имаа водство од 116:110, но Сиксерс тргнаа во серија од 13:0 во која Гордон реализираше две „тројки“, а Џорџ една.
Донован Мичел беше најдобар стрелец на Кливленд со 37 поени и седум „тројки“ од 15 обиди, а имаше и седум асистенции. Тај Џером имаше рекордна вечер, постигнувајќи 33 поени, погодувајќи ги сите осум „тројки“, додека Дариус Гарланд постигна 26 поени и имаше седум асистенции.
Ова е втор последователен пораз за Кливленд и трет во последните пет настапи, а Кавалирс сега имаат скор од 36-8, идентичен со оној на водечкиот тим во Западната конференција, Оклахома Сити Тандер.
Њу Орлеанс Пеликанс не успеаја да стигнат до петтата последователна победа. Тие беа поразени со 139:126 на гостувањето во Мемфис, со што домашните Гризлис ја добија петтата победа во нивната сегашна победничка серија, што ги доведе до рекорд од 30-15 и третото место на Западот.
Џерен Џексон Џуниор постигна 29 поени и имаше седум асистенции за победниците, а најдобар личен учинок сезонава имаше Лук Кенард со 27 поени. Тимот на Мемфис одлично го предводеше Дезмонд Бејн, кој заврши со 20 поени и 14 асистенции, а седми натпревар по ред не падна под таа граница.
Деџунте Мареј го предводеше Њу Орлеанс со 26 поени, седум асистенции и шест скока, додека СиЏеј МекКолум и Треј Марфи Трети постигнаа по 22 поени.
Како и Гризлис, во позитивна серија се и Портланд Трејл Блејзерс (17-28), кои победија со 102:97 на гостувањето кај Шарлот Хорнетс, со што ја постигнаа четвртата последователна победа, анулирајќи ја негативата од 13 поени од втората четвртина.
Енферни Симонс постигна 12 од своите 27 поени во четвртата четвртина, Џерами Грант постигна 22 поени, а Дени Авдија го заврши натпреварот со 18 поени.
Хорнетс беа предводени од Ник Смит Џуниор со 17 поени и Џош Окоги со 16 поени и 10 скока. Марк Вилијамс постигна 15 поени и имаше девет скока за Хорнетс (11-30), кои го загубија вториот последователен натпревар по серијата од три победи.
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Кливленд Кавалирс 36 8 81,8 отсто
2. Бостон Селтикс 31 14 68,9
3. Њујорк Никс 29 16 64.4
4. Милвоки Бакс 25 17 59,5
5. Индијана Пејсерс 24 20 54,5
6. Детроит Пистонс 23 21 52.3
7. Орландо Меџик 23 23 50,0
8. Атланта Хокс 22 22 50.0
9. Мајами Хит 21 22 48,8
10. Чикаго Булс 19 26 42.2
11. Филаделфија 76ерс 16 27 37.2
12. Бруклин Нетс 14 31 31.1
13. Торонто Репторс 12 32 27.3
14. Шарлот Хорнетс 11 30 26.8
15. Вашингтон Визардс 6 37 14.0
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Оклахома Сити Тандер 36 8 81,8 проценти
2. Хјустон Рокетс 29 14 67,4
3. Мемфис Гризлис 30 15 66,7
4. Денвер Нагетс 28 16 63.6
5. Лос Анџелес Лејкерс 24 18 57.1
6. ЛА Клиперс 25 19 56,8
7. Далас Маверикс 24 21 53.3
8. Минесота Тимбервулфс 23 21 52,3
9. Сакраменто Кингс 23 21 52.3
10. Феникс Санс 22 21 51.2
11. Голден Стејт Вориорс 22 22 50.0
12. Сан Антонио Спарс 20 22 47,6
13. Портланд Трејл Блејзерс 17 28 37,8
14. Њу Орлеанс Пеликанс 12 33 26.7
15. Јута Џез 10 32 23.8