Преглед Премиер лига: Победи на Вест Хем и Тотенхем

Во последните два дуела од саботната програма од 21-то коло на англиското фудбалско првенство победи забележаа Вест Хем и Тотенхем.

Во возбудливиот натпревар кај Кристал Палас, фудбалерите на Вест Хем Јунајтед триумфираа со 3:2, откако веќе по првото полувреме имаа водство од 3:0. Гостите го остварија водството со погодоците на Макаил Антоние во 22 и Мануел Ланѕини во 25 и од пенал во петтата минуте со судиското продолжение на првото полувреме, а домашните опасно се заканија со израмнување во финишот од мечот кога прецизни беа Одсоне Едуард во 83 и Микал Олисе во 90 минута.

Вест Хем со победата се врати на петтото место со 34 бодови, а Кристал Палас остана на 11-та позиција на табелата со 23 бодови.

Претходно Тотенхем, исто така, забележа гостинска победа кај Вотфрорд со погодокот длабоко во судиското продолжение. Стрелец на единствениот и воедно победнички погодок беше Дервисон Санчез во 90+6 минута, со удар со глава по слободен удар.

Тотенхем сега е шести со 33 бодови за Вест Хем, но има два натправара помалку, а Вотфорд остана 17-ти со 13 бодови, два повее од местата кои водат во втората лига исто така од 18 одиргани кола, а го загрозува Барнли кој има 11 бодови но има само 16 одиграни натпревари.

Во првиот саботен меч Манчестер Сити направи уште еден чекор кон одбраната на титулата во Англија со победата од 2:1 (0:1) на гостувањето кај Арсенал, до која дојдоа со пресврт во второто полувреме и погодокот длабоко во судиското продолжение на самиот крај од дербито.

Тоа беше првиот меч во англиската Премиер лига одиграна во новата календарска 2022 година на лондонскиот „Емирејтс“ стадион, каде први се веселеа домашните навивачи кога во 31 минтуа Букајо Сака ја затресе мрежата на манчестерските „Граѓани“.

Меѓутоа, гостите во вториот дел направија пресврт. Арбитарот Стјуарт Атвел со помош на ВАР-от доседи пенал кој во 56 минута го реализираше Ријад Марез израмнувајќи на 1:1. Само две минути подоцна лондонските „Топчии“ беа блиску до ново водство, но Мартинели наместо небранетата гостинска мрежа од само неколку метри ја погоди стативата.

Само неколку моменти подоцната Арсенал остана и со играч помалку, откако Габриел поради прекршок на средината на теренот го одби вториот жолт картон. Бројната предноста Сити ја истористи дури во третата минута од судиското продолжение, кога Родри добро реагираше на една одбиена топка и од непосредба близина ја испрати топката во мрежата за 11-та последователна победа за тимот на Пеп Гвардиола. Истоврмено ја прекина и низата на Арсенал од четири последователни триумфи.

Манчесет Сити сега има 53 бода, дури 11 повеќе од второпласираниот Челзи кој има и натпревар помалку. Ливерпул е трет со 12 бодови заостанување од водечкиот тим, но со дава меча помалки. Арсеначл е на четвртото место и има 35 бодови, односно 18 помалку од актуелниот првак.