Преглед Премиер лига: Сити и натаму стопроцентен, пресврт на Тотенхем

Фудбалерите на Манчестер Сити го задржаа стопроцентниот ефект во англиското првенство со гостинската победа од 3:! против Вест Хем во петтото коло на Премиер лигаа, додека Тотенхем во последните моменти од мечот со пресврт дојде до победа од 2:1 над Шефилд Јунајтед.

На „Олимпискиот стадион“ во Лондон на полувремето водеше домашниот Вест Хем со голот на Џејмс Вард-Проус во 34 минута, но уште на самиот почетокот на вториот дел во 46 минута израмни Џереми Док, а во завршницата на мечот Бернардо Силва во 76 и Ерлинг Халанд ово 86 минута ја обезбедија очекуваната победа на Сити.

Манчестер Сити е прв на табелата со 15 бодови, два повеќе од Тотенхем и Ливерпул, додека Вест Хем остана на шестата позиција со 10 бодови.

Пред своите навивачи Тотенхем среќно во последните моменти длабоко во судиското продолжение успеа да го освои бодовите против Шефилд Јунајтед. Домашните не успеава да ја ефектуираат надмоќноста и за тоа беа казнети во 73 минута кога по изведен корнер од мешаница Густаво Хамер ги донесе гостите во водство. Во осмата минута од продолжението Ричалисон со глава ја спроведе нафрлената топка во мрежата а две минути подоцна му додаде на Дејан Кулишевски кои со силен удар од 15 метри предизвика експлозија на трибините.

Тотенхем е втор со 13 бодови, а Шефилд Јунајтед остана само на еден освоен бод по пет кола.

Претходно во саботата Ливепрул исто така со пресврт славеше со 3:1 на гости кај Вилверхемптон. Домашните поведоа уште во 7 минута преку Хванг Хе-Чан, на почетокот од второто полувреме во 55 минута израмни за гостите Коди Гакпо, а во самата завршница Ендрју Робертсон во 85 и Уго Буено со автогол во 90 минута ја потврдија победата на гостите.

Ливепрул е трет со 13 бодови, а Вулверхемптон остана на три бода.

Веќе трет пораз во петте досегашни кола впиша Манчестер Јунајтед, кој на својот „Олд Трафорд“ беше поразен од Брајтон енд Хоув Албион со 1:3. Гостите водеа со 3:0, со головите на Дени Велбек во 20, Паскал Грос во 53 и Жоао Педро во 71 минута, а „Црвените ѓаволи“ успеаја само да намалат во 73 минута прекиу Ханибал Мајбри.

Брајтон се искачи на четвртото место со 12 бодови, додека Манчестер Јунајтед е само 12-ти со шест бодови.

И Астон Вила пред своите навивачи успеа да победи со 3:1 со голем пресврт во последните моменти од натпреварот со Крстал Палас во возбудливото второ полувреме. Првиот дел заврши без погодоци, а веднаш на почетокот од вориот во 47 година гостите поведоа Одсононе Едуард. Вила тргна по израмнување, до кое дојде во 87 минута преку Џон Дуран, но во големото петнаесетминутно продолжение успеа да дојда и до трите бода, и тоа преку реализираниот пенал во седмата минута од продолжението од Даглаз Луис и четири минути подоцна преку Леон Бејли.

Астон Вила е седма на табелата со 9 бодови, а Кристал Палас остана место подолу со 7 бодови.

Во последниот саботен натпревар Њукасл Јунајтед на домашен терен го совлада минимално Брентфорд со 1:0, со пеналот што во 64 минута го реализираше Калум Вилсон. Со оваа победа Њукасл моментално се израмни со Бренфорд со шест бодови и се на делбата на 10-та и 11-та позиции на табелата.