Со победата на гостувањето во Удине од 1:0, фудбалерите на римски Лацио на две кола до крајот на италијанското првенство дојдоа до третото место на табелата минувајќи го финалистот на Лигата на шампионите, милански Интер.
Лацио до победата над Удинезе дојде од пенал кој во 61 минута го реализираше Чиро Имобиле.
Со 20-та првенствена победа сезонава, Лацио дојде до 68 бодови и третото место во Серија А, пред Интер кој во неделата беше поразен со 1:3 на гостувањето кај новиот шампион Наполи.
Наполи има 86 бодови, втор е Јувентус со 69 и натпревар помалку, а зад Лацио со 68 се Интер со 66 и Милан со 64 бодови, кој се надева дека во последните две кола ќе дојде до позиција која носи пласман во Лигата на шампионите. Удинезе со 46 бодови е на 12-т место.
Претходно во неделата, во дербито од 36-то коло Наполи, за кој како стартер до 70 минута играше македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз, на домашен терен со 3:1 го совлада Интер, а сите голови беа постигнати во второто полувреме.
Интер од 41 минута беше со играч помалку, откако втор жолт картон заработи Роберто Гаљардини. Предноста во полето новиот шампион ја искористи во 67 минута кога погоди Андре Ангуиса, а Наполи водеше до 82 минута кога Ромелу Лукаку. Но наполитанците веќе по три минути ја вратија предноста преку Џовани Ди Лоренцоа а Џанлука Гаетано беше стрелец во петтата минута од судиското продолжемние.
Во првиот неделен натпревар Торино и Фиорентина одиграа 1:1. Домашните израмнија во 66 минута со голот на Антонио Санабрија, откако гостите во водство ги донесе Лука Јовиќ во 48 минута. Двата тима се израмнети и на табелата со по 50 бодови на 10-то и 11-ти место.
Лече и Специја одиграа без голови, па и двата клуба во следните две кола ќе се борат за зачувување на прволигашкиот статус.
Лече останува 16-ти сега со 33 бодови, а Специја е место подолу со да бода помалку. Својата шанса за опстанок во Серија А до крајот ја чека 18-та Верона која има 30 бодови, додека без шанси се Кремонезе и Сампдорија со 24 односно 18 бодови.
Колото завршува во понеделник со дуелите Рома – Салернитана и Емполи – Јувентус.