Прославата на освојувањето на титулата шампион на Италија на фудбалерите на Наполи беше одложена за најмалку три дена откако одиграа 1:1 во натпреварот од 32-то коло на својот стадион против локалниот ривал Салернитана.
По поразот од 1:3 од Лацио на гостувањето кај Интер претходно во неделата, на Наполи му требаше победа против Салернитана на нивниот стадион „Диего Марадона“ за теоретски да ја обезбеди третата титула во италијанскиот шампионат, и прва по 1990 година. Кога Оливера беше највисок во скокот во 62 минута и погоди со глава за 1:0, се чинеше дека токму тоа ќе се случи и дека Наполи на шест кола пред крајот ќе го обезбеди „скудетото“. Сепак, во 84 минута Диа ја прифати топката на десното крило, го измами Осимхен и потоа со силен и прецизен удар откосо го совлада Мерет за конечните 1:1.
Лидерот Наполи сега има 79 бодови, 18 повеќе од второпласираниот Лацио, па му треба само еден бод од шесте натпревари за теоретски да ја обезбеди титулата до крајот на сезоната или ако Лацио не успее да победи на сите преостанати шест меча. Салернитана, пак, е 14-та со 34 бодови, седум повеќе од 18-та Специја која е во зоната за испаѓање.
Претходо во неделата Интер на домашен терен го победи Лацио со 3:1 и се зацврсти на четвртата позиција со 57 бодови.
Анрих Мхитарјан постигна гол за Интер во 26 минута, но тој беше поништен по проверка на ВАР поради офсајд. Гостите четири минути подоцна погодија за водство, а стрелец беше Фелипе Андерсон. Интер го направи пресвртот во вториот дел. Најпрвин во 77 минута израмни Лаутаро Мартинез, а на 2:1 зголеми Робин Госенс во 83 минута. Мартинез го постига својот втор гол на натпреварот во 90 минута за конечните 3:1.
Во последниот неделен натпревар од 32-то колоБолоња и Јувентус одиграа 1:1 (1:0). Орсолини во 10 минута од пенал ги доведе домашните во водство, а израмни Милик во 61 минута, откако во 30 минута не ја реализираше најстрогата казна, кога Скорупски го одбрани неговиот удар од белата точка.
Јувентус така остана трет на табелата со 60 бодови, еден помалку од вториот Лацио и три повеќе од четвртиот Интер, петтиот Милан и шестата Рома, додека Болоња е деветта со 45 бодови, додека Фиорентина е осма.