Посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи
Пакетот мерки предложен од страна на Комитетот за безбедно мајчинство во кој членуваат 10 доктори и екперти предвидува и патронажните служби во рамки на проектот Домашна визита да стават посебен акцент на бремени жени од социјално ранливите групи и бремени жени со понизок степен на образование.
Покрај советување на жените за потреба од избор на матичен гинеколог и мерки за здрава бременост, партонажните сестри ќе закажат по најмалку еден бесплатен преглед кај гинеколог од секундарна или терциерна здравствена заштита и за истото ќе ги известат жените. Како трета мерка е обврската која им е дадена на таканаречените ромски здравствени медијатори кои ќе ги посетуваат бремените жени од ромската популација, ќе ги советуваат и ќе им закажат исто така најмалку по еден бесплатен преглед, нагласи Тодоров.
Четвртата мерка предвидува доктори гинеколози од ГАК и Гинекологија од Чаир една неделно да работат во гинеколошките амбуланти во здравствените домови.
Целта на овој пакет мерки е до 2020 година да се намали процентот на доеничка смртност за една третина, како и да се унапреди здравствената заштита на мајките и децата. Според податоците во 2004-та стапката на доеничка смртност била 13,2 промили, а во 2014 9,9 промили.