Преговорите во Брисел завршија без конечен договор

Преговорите во Брисел за надминување на политичката криза во Македонија, што во изминатите 12 часа ги водеа четворицата македонски политички лидери и еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан завршија без конечен договор, пренесува МИА.

Во соопштението по состанокот портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич наведува дека еврокомесарот Хан се сретна со политичките лидери за продолжување на разговорите за наоѓање решение за политичката криза во земјава. Разговорите, се наведува, беа отворени и детални, но сеуште не доведоа до конечен договор.

– Европската унија ги повикува сите страни во интерес на својата земја и нејзините граѓани да се најде траен политички компромис без одложување и да се излезе со конкретни предлози за оваа цел, за дефинирање на веќе постигнатиот договор во Скопје на 2 јуни. Определбата  за реформи содржани во него, на која се посветени сите партиски лидери мора да се спроведе како итно прашање Ова е од суштинско значење за земјата да направи каков било напредок на патот кон евроатлантските интеграции. Европската комисија сега ќе разгледа како да придонесе најдобро за политичкиот процес во земјата и останува подготвена да ги олесни дискусиите, се вели во соопштението.