Прекин на огнот во Мариупол, евакуирани 25 цивили

Од фабриката за челик „Азовстаљ“, како што известуваат медиумите, досега излегле вкупно 25 лица, меѓу кои се и шест деца на возраст до 14 години. Се верува дека стотици луѓе се наоѓаат таму, вклучително и десетици повредени за време на интензивните руски бомбардирања во последните недели.
Првата група цивили е веќе евакуирана од фабриката во Мариупол, откако беше прогласен прекин на огнот, изјави командантот на Азовскиот полк, еден од украинските војници кој беше заробен во „Азовстаљ“. Прекинот на огнот, кој требаше да започне во 6 часот по локално време, конечно започна во 11 часот по локално време.Засега двете страни го почитуваат режимот за прекин на огнот.
„Нагласувам дека бараме да се гарантира евакуација не само за цивилите, туку и за нашите ранети војници на кои им е потребна медицинска помош“, додаде  командантот.
Руската новинска агенција ТАСС вчера објави дека група цивили го напуштиле „Азовстаљ“. Сателитските снимки покажуваат дека комплексот на фабриката за челик претрпе големо уништување и дека речиси секоја зграда е уништена.