Врз основа на договорот помеѓу Владите на Република Македонија и на Косово за фунционирање на Заедничкиот контакт центар, денеска од косовска страна добиена е известување дека магистралниот пат Хани Елезит – Качаник официјално ќе биде затворен од 10 часот на неодредено време се додека не биде отстранет ризикот по безбедноста на сообраќајот, поради свлечиште.
Воедно ве информираме дека граничните премини од двете страни се отворени за сообраќај и истиот во внатрешноста на тој дел од Република Косово се одвива по алтернативни патишта. Околу начинот на функционирање на товарниот сообраќај, јавноста дополнително ќе биде информирана.