Прекин на струјата утре во делови од Аеродром, Ѓорче, Центар и Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради планирани технички зафати во електромрежата, на ден 22.12.2022 година (четврток), без електрична енергија  ќе останат следниве корисници:

  • во период од 09:00 – 12:00 часот дел од ул. Бертранд Расел (општина Ѓорче Петров)
  • во период од 09:00 – 14:00 часот дел од корисниците на ул.Ернест Телман. (општина Аеродром)
  • во период од 10:00– 13:30 часот дел од ул.Козара (бр.17, 19, 21). (општина Центар)
  • во период од 09:30 – 14:30 часот дел од ул. Славка Динкова, нас. Драчево. (општина Кисела Вода)