![6234f82ce06d4.r_d.688-541-7542](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/6234f82ce06d4.r_d.688-541-7542.png?resize=696%2C341&ssl=1)
Дуелот од 27-то коло на германското фудбалско првемство меѓу Бохум и Борусија под Менхенгладбах беше прекинат во петокот вечерта во 69 минита при резулат 2:0 за гостите, поради навивачки безредија.
Гостите поведоа во кус временски интервала во првиот дел од второто полувреме, преку Плеа во 55 и Емболо во 61 минута.
Навивачите на Бохум, разгневени поради резултатот, предизвикаа немири и го погодија помошниот судија Кристијан Гителман со пивска кригла во тилот. Линискиот арбитар се подигна и го напушти теренот, а потоа мечот беше прекинат.
Првпат од 2020 година во Бухум беше дозволен целосниот капацитет на стадионот, односно 25.000 гледачи.
Случен инцидент кога судијата беше погоден в глава со пивска кригла се случи во 88 минута од дуелот меѓу домашниот Сент Паули и Шалке 04 во 2011 година.