Компанијата „Scandlines“ којашто оперира со траектниот сообраќај во средата објави дека ги евакуирала траектите во данскиот град Радби, и дека е прекинат траектниот сообраќај меѓу Данска и Германија, по телефонска закана.
„Сите траектни операции се прекинати, а траектите ќе бидат испразнети што полицијата им даде дозвола за враќње во пристаништето“, изјавил портпаролот на „Scandlines“/
Локалната полиција објави дека сообраќајот е прекинат, откако бил примен телефонски повик, но не сакала да даде поединости.