
Министрите за финансии од еврозоната ги прекинаа разговорите за грчката криза и се уште не е познато кога тие ќе бидат обновени, пренесе МИА.
Ирскиот премиер Енда Кени изјави дека средбата повторно била одложена.
– Изгледа дека има проблеми со претставувањето на документи, кои се мошне важни, изјави Кени при пристигнувањето на самитот на ЕУ.
– Сметам дека министрите за финансии се безпосмошни, бидејќи не располагаат со бројки, со кои можат да работат и да нудат различни предлози, кои може да бидат позитивни за растот на економијата на Грција и за создавање на работни места за Грците, рече ирскиот премиер.