Прекините во снабдувањето ги подигнаа цените на нафтата над 112 долари

Ценит на нафтата на меѓународните пазари во петокот пораснаа на над 112 долари за барел, имајќи предвид дека прекините на испораките од Либија и најавениот штрајк на нафтените работници во Норвешка натежнаа над стравувањата дека забавувањата на економиите би можело да ја намали побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот беше повисока за 3,03 долари отколку при затворањето на вчерашниот трговски дена и изнесуваше 112,06 долари. Во четвртокот го затвори тргувањето во минус од 3,42 долари.

На американскиот пазар со барелот во петокот се тргуваше по 2,84 долари повисока цена отколку во четвртокот, од 108,60 долари. Вчерашниот трговски ден го заврши во минус од 4,02 долари.

Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави во петокот претпладнето дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во четвртокот чинел 115,61 долар, што значи дека поевтинил за 2,03 долари во однос на претходниот трговски ден.

Во четвртокот расположението на пазарите го одбележаа стравувањата дека централните банки во светот во настојувањата со повисоките клучни каматни стапки да ја зауздаат инфлацијата го закочија економскиот раст, а со тоа и побарувачката на нафта. Тег за цените беше и затворањето на позицијата на трговците во САД пред празничниот викенд.

Денеска, пак, вниманието се пренасочи на нарушувањата во снабдувањето од Либија и најавата за штрајк на вработените во нафтениот сектор во Норвешка.

Либиската Национална нафтена корпорација (NOC) прогласи во четвртокот „виша сила“ во пристаништата ес-Сидери Рас Лануф и на нафтоносното поле Ел Феел. Ткн „виша сила“ веќе е на сила и во пристаништата Брега и Зуејтина, соопшти NOC. Виша сила се однесува на настан кој не можел да се предвиди во моментот на склучувањето на договорот и на кој договорните страни објективно не може да влијаат, како што се војна, протести и елементарни непогоди.

Производството остро падна, па сега Либија извезува меѓу 365.000 и 409.000 барели нафта дневно, во споредба со 865.00 барели дневно кога се произведува во „нормални околности“, извести либиската компанија.

Во Норвешка, пак, синдикатот Lederne во четвртокот најави дека 74 работници на платформите на компанијата „ Equinor“ кај Гудрун, Осеберг Соут и Осебег Ист на 5-ти јули започнуваат штрајк. Тоа веројатно ќе запре околу 4 отсто од норвешкото производство на нафта

Производството во Еквадор, пак, би можело да се стабилизира, имајќи предвид дека владата и челниците на домародечките групи во четвртокот постигнаа договор за завршување на протестите кои предизвикаа затворање на повеќе од половината производство на нафтата. Пред кризата Еквадор произведуваше 500.000 барели на дневно ниво.

Во таквите околности OPEC и нејзините сојузници предводени од Русија, го потврдија планот според кој во јули и август би требало да го зголемат снабдувањето за 648.000 барели дневно, за 200.000 барели повеќе отколку во јуни. Зголемувањето е скромно, а поединечни членки на картелот имаат проблем со реализацијата на квотите поради слабите вложувања и доцнењето на работите на одржување на инфраструктурата поради пандемијата на коронавирусот.

Истражувањето на Reuters покажало дека OPEC во јуни произвел 28,52 милиони барели на дневно ниво, за 100.000 барели повеќе помалку отколку во мај, според ревидираните податоци.

Американскиот претседател Џо Бајден кон средината на јули ќе го посети Блискиот исток за да го сврти вниманието на енергетската политика во периодот на силниот раст на цените на горивата кои ја подгреваат инфлацијата, за што тој го обвинува рускиот претседател Владимир Путин поради војната во Украина. Рускиот челник, пак, возвраќа дека инфлацијата на Западот започнала и пред украинската војна, како и западните невидени антируски санкции насочени против енергетскиот и финансискиот сектор.

Бајден во четвртокот рече дека нема во текот на блискоисточната турнеја да бара од Саудиска Арабија да произведува повеќе нафта за да се зауздаат цените, во прв ред за да се надоместат руските барели на светските пазари, поради договорот на САД, Канада, Велика Британија и Јапонија со другите земји од Г7 да влијаат врз цената на руската нафта, како и нејзиното постепено иссиснување од главните пазари.