![donjeck](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/donjeck1.jpg?resize=620%2C419&ssl=1)
Прекршено е примирјето помеѓу проруските сепаратисти и украинската армија во Доњецк, кој е под контрола на сепаратистичките сили.
Локалните сепаратистички власти во Доњецк соопштија дека во градот имало два напади, еден синоќа и друг утрово.
Руските медиуми објавија дека во нападите загинале две лица, но сепаратистите не соопштија за жртви.
Примирјето меѓу бунтовниците и украинската војска е договорено на 5 септември. На преговорите од минатата недела е договорено повлекување на тешката артилерија и создавање на тампон-зона.