Прекршочна пријава поднесе СВР Оохрид против Р.В. (44) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторен прекршок омаловажување и навредување на службено лице на државен орган кое врши јавни овластувања во вршење на службата од законот за прекршоци против јавниот ред и мир
Како што соопштува МВР, во петокотк околу 11,30 часот на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Распаќе“ во Охрид каде полициските службеници вршеле контрола во патниот сообраќај пријавениот го сопрел својот патнички автомобил марка „Ауди А-6“ и без повод и причина преку отворениот прозорец гласно започнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници упатувајќи им низа непристојни зборови.
Потоа со голема брзина го напуштил местото на настанот.
Со истиот е извршен разговор по што е поднесена прекршочна пријава.