Не е лесно да се издржи долгорочен брак, особено кога сопружниците постојано се затрупани од бројни деловни обврски и се грижат за децата. Ова исто така важи и за познати парови како што се 45-годишниот Дејвид Бекам и неговата една година постара сопруга, поранешната „Спајсица“ и модна дизајнерка Викторија Бекам, кои се во брак 21 година. Од таа причина, Дејвид, за да има време за себе и за својата врска, решил да направи остар потег – ѝ забранил на Викторија да го користи мобилниот телефон навечер и да ги разгледува социјалните мрежи затоа што сака да го помине тоа време само со неа, непречено.
За да помине поквалитетно време со својата сопруга и да ја задржи интимноста и „љубовните искри“, Дејвид неодамна ги оставил децата дома и ја однел Викторија на седумдневен одмор, каде повторно се зближиле. Поранешниот фудбалер се надева дека почесто ќе има такви моменти со неа сега кога „ќе стапи на сила“ неговата забрана, откри извор близок до семејството Бекам.
– Тој навистина често чувствува дека Викторија поминува премногу време на телефон. Затоа ѝ кажа дека сака таа да не ги користи телефоните, таблетите и компјутерите навечер. Тој смета дека тоа ќе биде добро за целото семејство – рече изворот.