Вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа каде што посочи дека Заев и Филипче преку набавка на кинески вакцини сакале граѓаните да ги ограбат за 6 до 8 милиони евра.
– Кина е и повеќе од озбилна држава. И кај Кина и кај Русија државните лаборатории, државните институции ги измислиле вакцините. Од тука самата држава полага сметка. Секаде преку кинеските амбасади се стапува во контакт со министерство за надворешни работи на Кина и тоа е легален пат. И тоа сигурно и нашата власт го знаела, не може Венко да не знаел. Притоа да напоменеме дека Османи како министер за надворешни работи вчера или завчера се огради, и Артан Груби како вицепремиер се оградија дека тие појма немале што прават Заев и Филипче – истакна Пандов.
Пандов додаде дека самата власт односно самите Заев, Филипче па дури и Шекеринска обелоденија дека авансот од Кина им е вратен за вакцините.
– Официјална цена на една кинеска вакцина е од 20-30 долари, притоа ако се вратени 12 милиони, а само 200.000 дози ние очекувавме, тоа значи дека според Филипче и Заев една кинеска вакцина е над 60 долари – појасни Пандов.
Toj посочи дека ден-два по враќањето на авансот за вакцини, Заев почнал да најавува дека биле опоменати дека не може да се оди преку нив и ќе започнале преговори преку по официјален пат и ќе се набават 400.000 вакцини.
– Зошто? Затоа што ако купуваш по легален пат тогаш не може да плаќаш вакцина 50 долари, а реално чини само 30 долари. Сега кога се открија матните зделки на Заев и Филипче одеднаш Македонија не чека 200.000 кинески вакцини туку сега чека 400.000 вакцини – нагласи Пандов.
Пандов повтори дека Заев и Филипче преку набавка на вакцини планирани да ги ограбат граѓаните за околу 6 до 8 милиони евра.
– Нејасно е зошто Љупчо Николовски како човек за висока корупција не реагира, туку путер извади дека запленил околу 30 килограми само. Зошто и обвинителството не реагираше – запраша Пандов.
Тој додаде дека за ваква неодговорност која чини човечки животи треба под итно власта да си одговара.
– Заев и Филипче за ова дебело ќе одговараат. Бројките за починати граѓаните се официјални, ова не се измислици на ВМРО-ДПМНЕ како тие што тврдат – рече Пандов.