На сметката на српската Влада за жителите од поплавените подрачја уплатени се околу 3,1 милијарди динари или 26,8 милиони евра, соопшти денеска Министерството за финансии на Србија.
Според податоците на министерството, до 16-ти јуни во 18 часот уплатена е помош од 1,6 динари или околу 14 милиони евра. На девизната сметка уплатени се 3,3 милиони евра, 11 милиони долари, 135 илјади швајцарски франци, 876 британски фунти, скоро 8 милиони руски рубљи, 123 илјади норвешки круни, 24 илјади дански круни, 270 илјади шведски круни, 1.771 канадски долари, 161 илјади австралијански долари, како и 36 милиони јапонски јени.
Преку сметката на ПејПал уплатени се 677.762 евра помош за настраданите од поплавите.