Лица на возраст меѓу 50 и 70 години кои преку ноќта спијат шест или помалку часови се поизложени со зголемување на ризикот од развојот на деменција, покажуваат резултатите од новата студија на речиси 8.000 возрасни Британци чиишто навики, хигеаната на спиење, квалитетот на сонот и дневниот ритам се следени повеќе од 25 години,
Студијата којашто ја спровеле научниците од францускиот Национален институт за здравје и медицински истражувања (Inserm), и Универизитетот во Париз во соработка со лондонскиот University Collegeom (UCL), а чиишто резултатите се објавени во стручното списание Nature Communications, укажува на зголемена опасност од развивање на заборавноста илу меѓу 20 и 40 отсто кај лицата на возраст меѓу 50 и 60 години, кои преку ноќ спијат шест часа или помалку во споредба со оние кои спијата околу седум часа.
Научничката Сев3ерин Сабија од Inserm и нејзините колеги, исто така, воочиле за 30 отсто поголем ризиј од развој на деменција кај луѓето на возраст меѓу 50 и 70 години, коишто пријавиле систематски куси периоди на сон, без оглед на нивните потенцијални кардиоваскуларни здравствени или метаболички проблеми, како и оние менталните, како што е депресијата, а сите се фактори ризики за развој на деменцијата.
Во рамките на истражувањето, учесниците во шест наврати самите гио проценувале траењето на сонот во периодот меѓу 1985 и 2015 година, а во 2012 година 3.900 испитаници добиле акцелерометар кој ги евидентира податоците за ноќниот сон, за да се потврди точноста на нивните процени, Показателите ги потврдиле претпоставките за развој на деменцијата кај таквите лица во периодот до март 2019 година.
Инаку според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во светот речиси секоја година се евидентираат речиси 10 милиони нови случаи на деменција, меѓу кои и Алцхајмеровата болест.
Кај лицата кои патат од деменција, на развојот на овие болести често им претходел лош квалитетот на сонот, како што се честото будење во текот на ноќта или голем недостиг од сон, на што укажуваат сѐ повеќе научни истражувања.
Научниците воочиле и опасност од поголем ризик од амилоидниот плак во мозокот, протеинот поврзан со настанувањето на деменцијата кај лицата кои се биделе повеќе од пет пати во текот на ноќта, поради што научниците од Inserm укажуваат на ваќноста на добрата хигиена на сонот за здравјето на поединиците.
Со планираните претстојни истражувања веројатно ќе може да се утврди на кој начин подобривањето на навиките, кога станува збор за спењето, може да придонеси во превенцијата од развој на деменцијата, пишува Nature Communications.
Во меѓувреме најдобриот начин да се намали ризикот од развој на деменцијата и мозокот да го одржиме здрав и на повозрасна животна доба, се „престанување на пушењето, умереното консумирање алкохол, редовната ментална и физичка активност, урамнотежената исхрана и контролата на нивото на холестеролот и крвниот притисок“, истанува др Сара Имарисио од Здружението за итртажување на Алцхајмеровата болест.