Во последниот натпревар од 23-то коло на англиската Премиер лига, популарното дерби на Мерсисајд, фудбалерите на Ливерпул на „Енфилд“ го совладаа градскиот ривал Евертон со 2:0.
Ливерпул го реши дуелот на крајот од првото и почетокот на вториот дел, а и во двата случаи со голови по контранапади. Во 36 минута стрелец на првиот гол беше Мохамед Салах, откако целата работа ја заврши Уругваецот Нуњез, додека во 49 минута Коди Гакпо зголеми на 2:0. Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот во дресот на Ливерпул.
Инаку, пред првиот гол на натпреварот гостинските фудбалери ја погодија рамката од голот на Ливерпул.
Ливерпул со оваа победа го прескокна Челзи на табелата и моментално е деветти со 32 бодови, седум помалку од местата кои водат во европските купови, додека Евертон сѐ уште е во тешка ситуација, на 18-то место е со 18 бодови, еден помалку од местата кои обезбедуваат опстанок во лгиата.